Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
FRONTLINE.MK
Бегајќи од Европската унија во изолација, Мицкоски и Силјановска завршиле во саваната на Соренгети во Танзанија.
Наеднаш почнал да им се приближува гладен лав. Гордана ја фатило паника, што бил многу лош знак за неа како иден врховен командант на оружените сили на Северна Македонија, но Мицкоски смирено почнал да си ги обува патиките за трчање. Силјановскаја го прашала: „Па, што правиш, човеку, зарем не знаеш дека лавот е побрз од човекот?“ А Мицко ѝ одговорил: „Да, драга моја, но јас немам намера да бидам побрз од лавот, туку од тебе!“
Хахаха!
Оваа приказна многу убаво го покажува недостигот на солидарност и последователниот раскол во општеството. И себичноста, не само на таканаречената десница, односно во наци секторот, туку и меѓу нив и нормалниот дел на Македонија.
Затоа што истиот гест босиот човек со патики би го направил и да била со него Македонија, а не Силјановска. Ми се чини дека и жена си би ја оставил за да се врати во Нордот и да стане премиер.
Тој мисли дека тука живеат кучиња кои ја обожуваат слоновачата што им ја носи од Танзанија.
Се сеќавате на приказната во која Мицко и Груевски оделе на лов, можеби во истата савана? На излегување од џипот пукнала пушката на Груевски и тој паднал на земја, сиот облеан во крв. Мицко го извадил ајфонот и се јавил во Брза помош во Дар ес Салам: „Ало, имам мртов човек покрај џипот, што да правам?“
Од Болницата го прашале: „Сугурен ли сте дека е мртов?“
Потоа слушнале два истрела и одговор: „Сигурен сум!“
Во историјата на вмро сигурни биле само окупаторите. Не е забележан случај некој окупатор на Македонија да наебал од вморонски куршум. Не, тие самите си се давале како храна на себе си како умислени лавови, а многу често го покажувале и својот канибалски апетит: се тепале како муви и се јаделе како манекени.
Од фото сесиите по Витоша и Пирин Планина секогаш се враќале за неколку души помалубројни.
Знаете ли зошто четите навлегувале од Бугарија во Македонија. Од младата бугарска држава полна со национална енергија за афирмирање и ширење, со романтичен национализам и експанзионизам кој го контролирала само поради строгите одредби од Берлинскиот конгрес. Е, во таа и таква држава, мислат и учат Македонците, се формирале чети за национално ослободување на Македонците!
Ќе умрам од смеење!
Демек, тие чети навлегувале (Владо Поповски) во Македонија, тука ќе ги изеле сите прасиња во некое село, ќе ги изебеле жените на јатаците, па ќе избегале пред аскерот, горе во коријата. Турците ќе ја довршеле лапачката и ебачката, па ќе го запалеле селото, а четниците се враќале на безбедно во Бугарија.
Така нашите манекени се бореле за националната и државна реализација на македонскиот народ.
Се поставува прашањето какво ниво на инфантилност на страната на Македонците е потребна за да се прифати оваа неверојатна приказна како историски темел на постоењето.
Тоа е исто како комплетниот состав на Бугарската академија на науките денеска да навлезе во Македонија да го афирмира македонскиот јазик, македонската историја и националната посебност и потоа да се повлече на сигурно во Софија.
Или Радев да навлезе во Брисел и да се бори за влез на Македонија во Европската унија без одлагање и без какви било услови, дури и без преговори, заканувајќи се дека во спротивно ќе ја киднапира Урсула фон дер Лајен, како на времето Јане што ѝ беше направил на мис Стон.
И сега, сто години потоа, тие лапачи, ебачи и пљачкаши, сакаат по втор пат да бидат власт во Македонија, а киднапираната Гордана да ја турат за претседателка со идеја да покажат дека Хорхе не е крајниот дострел на нивната кадровска крстозборка за уништување на претседателската институција како дел од планот за уништување на цела Македонија.
Сигурен сум дека се сеќавате на сите нивни подвизи.
Да речеме, новите техники на вмро-дпмне овозможија некои спектакуларни градби, всушност целиот центар на Скопје, би рекол, ликот на главниот град и на Македонија, да се покрие со сто слоја вморонски говна на кои беа залепени дебели стиропори во рок од неколку години.
Светски рекорд.
Се сеќавате на тоа злосторство?
Тој масакр и денеска е видлив од сите страни.
Од визурата на градот исчезнаа феноменалната зграда на Муличковски, прекрасното здание на бившата На-Ма на Брезовски, Мепсо и Поштата – најфеноменалните изрази на европскиот брутализам изложени дури во Њујорк, убавата и амблематска зграда на ЕСМ, велелепната зграда на Македонскиот народен театар (Скокалницата, како што ја викаа скопските сељаци и малограѓани).
Не ги урнаа, туку ги затрупаа.
Милион пати побргу отколку што на пустинскиот песок му беа потребни да ја покрие гробницата на Тутанкамон, а на малоазиските ветришта да нанесат доволно наноси за да ја покријат Троја со девет слоеви наслаги.
Ние сме генерацијата пред чии очи се одбиваше тој масакр.
Без отпор, што нашата срамота и одговорност ја прави уште поголема.
Но, ќе дојдат генерации кои ќе ги побараат своите Картери и Шлимани да го откријат вистинското Скопје.
Под големите наслаги на вморонски говна ќе си го откриеме богатството, златната маска, и ќе ги тргнеме сите будалаштини кои требаше да го олеснат прифаќањето на новиот изглед на градот: идиотски споменици, сите по ред, од Ченто преку Гоце и Даме, Александар, Филип, Триумфекалната капија, Карев и најглупата пластика на Асном.
Бројните глупантропски палати сосе штабквартирата на Злото.
Македонските Визиготи од Вмро мислеа дека ја покриваат комунистичката архитектура. Тие бегаа од современа и афирмирана Македонија како што Мицко бегаше од лавот во Танзанија. Глупаци. Тоа беа зданија на европскиот модернизам. И знак на афирмацијата и модернитетот на македонската нација. Всушност, им беше кажано дека тоа се знаци кои мораат да исчезнат од просторот.
Да му се остават на лавот.
Како Силјановска во Соренгети.
Тоа е, другари!
Оној кој се плаши од човечкиот презир и од осамотување меѓу луѓето, нека молчи!
Јас влегов во јавниот простор со оваа гомбровичевска максима и немам намера да се жалам ниту од презирот, со кој неписменоста и чистата глупост ми ги мократ јајцата со плунка која преку шупакот ми ја извлекуваат дури од вратот, ниту од осамотувањето, особено што оваа вторава можна последица на јавната реч, не ја чувствувам, обратно, ми се чини дека луѓето сакаат да го читаат тоа што го пишувам и начинот на кој го пишувам, дури и кога не се согласуваат со моите ставови.
Промоцијата на последната книга ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ, тоа многу убаво го покажа.
Затоа мораме да излеземе и да гласаме. Да навлеземе на гласачките места не како четите на вмро од Бугарија во Македонија туку како слободни луѓе кои знаат да ги контролираат своите незадоволства и форсирани хистерии во името на нешто што не смееме да го загубиме: МАКЕДОНИЈА!