„Најавуваме конечна и решителна и поефикасна борба против криминалот и корупцијата. Нема веќе да има предмети по фиоки. Конечно ќе го спроведема и ветингот на судиите и јавните обвинители. Кому тоа му се свиѓало или не. Ќе започне од кандидатите на листата во ИЕ1, ќе продолжи со политичари и ќе се пресели и кај судиите и обвинителите и сите кои изминатите 30 години направија богатство што го употребуваат и злоупотребуваат за влијание во системот“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на почетокот на кампањата за парламентарните избори.
Тој додаде дека СДСМ се обврзува дека ќе има целосна реформа и на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и останати реформи во судството, за да има правда за сите.
„Ќе продолжиме со нашата посветеност кон обезбедување целосна рамноправност и родова еднаквост. Воедно ќе ги заштитме бремените работнички, и ќе го регулираме породилното отсуство на жените земјоделки“ рече Ковачевски.