ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мишел: ЕУ ќе воведе санкции кон иранските производители на дронови и проектили

April 18, 2024 09:36
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Лидерите на членките на Унијата вечерва има добра дебата за состојбата на Блискиот Исток и се усогласија за осуда на нападот на Иран врз Израел и за воведување санкции кон иранските компании поврзани со развој и производство на дронови и проектили, изјави ноќва претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел по завршувањето на првиот ден од дводневниот Специјален самит на Унијата што се одржува во Брисел.

– Со тоа сакаме да упатиме јасна порака. Се заложивме за изолација на Иран, заедно со земјите од регионот, за да го поддржиме мировниот процес. Без сомнеж ја поддржуваме безбедноста на Израел и заедно со земјите во регионот ќе се обидеме да избегнеме натамошна ескалација на насилството, истакна Мишел.

Според Мишел, Иран претставува закана за целиот регион не само за Израел, па затоа е многу важно со регионалните партнери ЕУ да обезбеди негова целосна изолација.

– Сакаме да направиме се за да ги заштитите цивилите. Животот на секој цивил е важен. Повикавме на ослободување на заложниците, итно прогласување прекин на огнот и хуманитарен пристап до луѓето на кои им е потребна помош во Газа, рече претседателот на Советот на ЕУ, додавајќи дека лидерите ја реафирмирале и поддршка за мировно решение на израелско-палестинскиот конфликт преку моделот на две држави.

На средбата станало збор и за случувањата во Либан, кој, како што рече Мишел, се соочува со многу предизвици и со голем број бегалци од Сирија, и е решено да се разговара со либанските власти за начините како ЕУ може да и помогне не земјата, вклучително и на либанските вооружени сили.

Во однос на дебатата за стратешкото партнерство на ЕУ со Турција, Мишел истакна дека лидерите ја искажале својот определба за изградба на стабилни односи со земјата.

– Сакаме да соработуваме на база на фазен, пропорционален и реверзибилен пристап. Во тој дел особено e важна и состојбата на Кипар, пред се процесот на ОН за решавање на кипарското прашање, рече Мишел.

Мишел информира и дека лидерите на ЕУ имале и видео конференциски состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им порачал дека на Украина итно и е потребна противвоздушна одбрана и муниција и побарал од нив да ги убедат САД да и достават поголема помош на земјата.

Во разговорот станало збор и за украинската мировна формула, во светлина на претстојната средба во јуни во организација на Швајцарија, на која ќе се направи обид за координација на ставовите на ЕУ со партнерите од меѓународната заедница за изнаоѓање мировно решение.

– По сите овие прашање од меѓународните односи уште еднаш покажавме дека сме единствени додаде Мишел.

Tags: ЕУирански производителиМишелсанкции
Next Post

Лидерите на ЕУ повикаа на борба против дезинформациите, манипулациите и странското мешање во изборните процеси

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk