До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35, 89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2110 избирачки места.
Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места гласале 392 066.
– Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места, информираат од ДИК.
Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11 проценти.
До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни, а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.