ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Јана Андреевска за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028: На секој агол има по една обложувалница како бесрамен маркер

April 25, 2024 19:56
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Јана Андреевска

Јана Андреевска

Share on FacebookShare on Twitter

Ќе успееме ли за помалку од четири години да направиме Скопје да блесне во сиот свој сјај и да го претставиме во најдобриот културен центар досега, како би можеле пред светот да се гордееме со титулата „Европска престолнина на културата“ во 2028?

Композиторката Јана Андреевска за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028, во изјава за Фронтлајн вели: На секој агол има по една обложувалница како бесрамен маркер

„Скопје денес е исклучително загаден град, полн со отпад, токсична енергија, звучен и визуелен невкус и агресија.

Од мене, како од човек од уметноста, би се очекувало, и јас тоа ќе го кажам, дека еден град со посакуваниот статус треба да има извонредна културна понуда, светски имиња на концертните подиуми, во галериите, на театарските сцени, архитектонски објекти за тие намени по светски стандарди. Но… Може ли тоа да биде така, ако на тие настани влеземе со чевли што од дома до влезот на настанот се извалкале како никогаш да не биле исчистени, и ако на патот до таму поминеме покрај контејнери, згора и растурени? Ќе се чувствуваме ли културно ако при секое излегување од дома, сеедно дали како пешаци, на велосипед или во автомобил, мора задолжително да се ставиме во модус за преживување и да ги вклучиме на максимум сите сетила за да не бидеме изгазени, нападнати, испцуени, а тоа сепак да ни се случува барем дватрипати во денот? Ќе почнеме ли конечно звучното загадување да го третираме како штетно за нашето тело и психа во иста мерка како она на воздухот, водата и почвата, та во јавните објекти да можеме да разговараме нормално и покрај музиката во позадина, а дома да можеме да си го најдеме мирот наместо да доживуваме редовна агресија од прегласната, па згора на тоа ем лоша ем лошо изведена музика од блиската кафеана? Каква е таа европска престолнина, па уште на културата, во која на секој агол има по една обложувалница како бесрамен маркер за очајот во кој се западнати луѓето, очај во кој како за сламка се фаќаат за вербата дека нешто ќе им се ‘падне’?

Нашиот капацитет за сите неопходни промени зависи најмногу од тоа, да сакаме градот и животот во него да ни бидат пред сè убави и здрави за нас самите, независно дали ќе станеме европска престолнина на културата или не. Не сум сигурна дека за четири години ќе успееме на тој начин да се засакаме себе си, бидејќи до сега со децении наназад на дело го покажуваме обратното.“, изјави Андреевска.

Текстот е дел од 13 изјави на уметници и културни работници собрани во „ризницата“ на темата со наслов: За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола.

Т. Иванова

Поврзано: 

За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола

Tags: Јана АндреевскаСкопје „Европска престолнина на културата“ 2028
Next Post

ДИК: Нема прегласување на трите избирачки места во Куманово, ќе бидат разрешени избирачките одбори

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk