ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Столтенберг и порача на Кина да престане да ја поддржува руската агресија врз Украина ако бара зближување со Запад

April 26, 2024 09:37
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кина мора да престане да ја поддржува руската агресивна војна против Украина ако сака да ги подобри односите со Западот, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува Ројтерс.

За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја поддржува руската воена економија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводници.

„Минатата година Русија увезе 90% од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности и сликање. Кина вели дека сака добри односи со Западот. Истовремено, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна, тие не може да се движат истовремено во двата правци“, рече Столтенберг.

Во исто време, тој го повика Западот да ја избегне зависноста од Кина, слично на она што се случи претходно со Руската Федерација.

„Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина. Во зависност од нејзините пари, нејзините суровини, нејзините технологии – зависностите не прават ранливи“, нагласи генералниот секретар на НАТО.

Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, боткако САД и нивните сојузници воведоа санкции на двете земји, но особено на Москва по инвазијата на Украина.

Кинеско-руската трговска размена достигна рекорд од 240,1 милијарди долари во 2023 година, што е за 26,3 отсто повеќе од претходната година, покажуваат податоците на кинеската царина. Кинеските испораки во Русија скокнаа за 46,9% во 2023 година, додека увозот од Русија се зголеми за 13%.

Кина, од друга страна, како што пренесува Укринформ повикувајќи се на изјавата на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, ги отфрла обвинувањата за поддршка на руската инвазија на Украина, инсистирајќи на законитоста на трговијата со Русија и тврди дека владата на земјата обезбедува ефективна контрола врз извозот на воени и стоки за двојна употреба.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: генерален секретар на НАТОКинаподдршка на руската агресија врз Украина
Next Post

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk