ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Добиена дозвола за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо

April 30, 2024 17:25
in BREAKING NEWS, ДЕНЕС, ПРАВДА
Љупчо Палевски Палчо. Фото: Скриншот

Љупчо Палевски Палчо. Фото: Скриншот

Министерството за правда денеска соопшти дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Од Министерството за правда за МИА посочуваат дека е завршен судскиот процес и административната процедура и сега останува само да се реализира трансферот.

Министерот за правда Кренар Лога минатиот месец изјави дека судскиот дел во Турција за екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо е завршен, останува само административниот.

-При нашата официјална посета во Турција ни беше кажано дека судскиот дел во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо кај нив е завршен и останува само административниот дел. Според нивните правила, мора прво таму да се потпише од страна на нивното Министерство за внатрешни работи, па после до министерот за правда, изјави министерот за правда, Кренар Лога.

Од Јавното обвинителство соопштија дека постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи. По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување.

Љупчо Палевски Палчо повеќе од три месеци е во екстрадационен затвор во Турција.

За соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, кој е осомничен за помагање при бегството.

Tags: екстрадицијаПалчо
Next Post

МОН: Се реконструира студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје

НАЈНОВО

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

САД го повикаа Израел да го спроведе договорот за прекин на огнот откако Либан го направи „првиот чекор“ за разоружување на Хезболах

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk