ВЛАДИМИР КОЧОВСКИ
Па у шпил карти има само четири дами а тек у животот…тешко е брале тебе животот да ти ги поделил сите, она баш само за тебе.
Сигурно имало тука којекакви тараби, добро можда по некоа двојка треф и сваштанешто.
А чудни се критериумите за дама…и све некако мислам дека секој си има свој единствен, уникатен критериум па така онаа неговата е она баш права дама.
Беше гужва кога ја видов…косата и ги прекриваше рамената кој успевав да ги видам само кога ветрот ќе си поиграше со нејзината коса.
Иако одеше со умерен филигрански прецизен чекор лесен ко да не ја допира земјата позади неа искреше кременот од нејзините штикли.
– Ја ќе идам доле на цигара
Осетив дека некој иде позади мене.
– И…како си?!
– Па претежно облачно…
Се насмевна онолку колку што ми беше доволно да знам у која точка треба да притискам.
Си поставувавме прашања а уствари ни ја ни она не ги слушавме одвоворите.
– Ќе влеземе?
Одговорот ми го даде вадејќи цигара која у истиот момент ја запали.
– Изгледа нема, а…
Ја соблеков јакната и ја ставив околу неа пажљиво ко да покривам штотуку заспано бебе.
– Ама не, сега тебе ти е ладно
– Имам оспен и парацетамол у кола нема гајле.
– Не си нормален
– Обично сум…денес не знам што ми е.
Фина ситно карирана кошуља, прецизна сива јакна, штофани панталони и распар кондури го прекинаа разговорот.
– Кај сте бе што не дојдете горе
Извадив цигара од кутијата
– Ева само да ја допушам цигарата и доѓам
– Па ти сеа ја запали
– Па тоа и ти викам…да ја допушам
– И што праите…кај сте со работа
Уште не успеав да изустам…
– Ја имам своја фирма, имам свои вработени
Додека збореше погледот не го тргаше од неа.
– Со што сте дојдени
– Ја со аутобус
– Дее бе со аутобус, зашто?
– Па не ми се идеше пешки
– А немаш кола? Ја сеа сакав да купам друг џип овој ми скурчи…ако сакаш ќе те пребацам до негде.
– Не, таман работа…тука сум ја блиску две три аутобуски, тебе те чека пут узгорници шуми…
– Не бре, кои узгорници, шуми, што збориш?!
– Извини…ја ради џипот…па мислев дека затоа си сјебал еден џип
– Не, не тука сум у градов…ууу ладно бе
– Ја ќе ти ја даев јакната ама она прва дојде.
– Отидов горе…ептен е ладно
Знам,знам бев маце безобразен…ама пажњата која она му ја посвети на бизнисменот ме напраи таков.
– Не си нормален…ама стварно
– Стварно не знам што ми е денес…утре сум на систематски па ваљда ќе кажат…ајде горе, можда овој со џипот ќе каже уште нешто интересно.
Музиката беше гласна и не можеше баш да кажеш све што сакаш…на моменти стана прегласна.
Станав им дигнав рука, со некои се поздравив и отидов
– Сакаш ја да те префрлам
– Некој друг пут…го имаш бројот јави се кога ќе ти биде ептен досадно.
Само климна и се насмевна.
Наставиче се…