ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски не го оправдува зголемувањето на осигурувањето за автоодговорност, АСО бара Владата да го промени тарифникот

May 2, 2024 15:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски не го оправдува зголемувањето на цената за осигурување на автомобилска одговорност, а од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека се против централизирање на цените во која и да било дејност.

По денешната средба со Стопанската комора на северозападна Македонија, Ковачевски упати одговорите да се бараат кај надлежните институции.

– Постои регулаторно тело што се вика Агенција за осигурување која практично ги регулира цените и дополнително на тоа Министерството за финансии исто така учествува во регулирањето на цените на осигурителните полиси. За тоа врз основа на кои калкулации е направено тоа зголемување, што не го оправдувам јас и тоа сакам да биде јасно наведено, може да ви одговори министерот или заменик министерот за финансии или кој било друг задолжен во соодветните сектори во Министерството за финансии или во Владата, изјави Ковачевски.

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Менди Ќура рече дека како бизнис заедница се против централизирање на цените во која и да било дејност.

– И порано сме биле против тоа да се централизираат цените и сум против секаков вид на ваква централизација. Новите цени колку што знам се вратија назад и не се нови. Ние не ги поддржуваме, значи ние сакаме – нека се нови цени, но нека е слободен пазар, иако имаат тие посебен третман колку што знам јас. Слободниот пазар треба да делува и слободниот пазар треба да одреди цена, посочи Ќура.

Од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) денеска преку соопштенија ја повикаа Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

– АСО како регулатор на пазарот на осигурување уште еднаш јавно информира дека е целосно неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност. Клучните аргументи против зголемување на цената се наведени во анализата што е доставена до надлежната комисија при Министерството за финансии. Зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување, информираа од АСО.

Tags: автоодговорностизјаваКовачевски
Next Post

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk