Коалицијата ВЛЕН преку медиумска конференција презентираше документи во врска со барањето за митингот на 6 мај во Тетово, каде Европскиот фронт најави митинг на истото место и истиот ден, известува Алсат.
По пресметките на социјалните мрежи меѓу овие две коалиции, ВЛЕН денеска објави дека тие први побарале дозвола за митинг на плоштадот Илирија во Тетово, а не Европскиот фронт, како што претходно објавија од таму.
Во овие документи може да се види дека од ВЛЕН доставиле барање на 11 април за овој митинг, додека Европскиот фронт на 12 април.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ на 30 април ги анализираше аспектите на овие предизборни „преклопувања“ помеѓу двете спротивставени коалиции, и ги објави соопштенијата од двете политички коалиции , во кои секоја од нив тврди дека на 6 мај ќе одржи завршен собир на плоштадот Илирија во Тетово, бидејќи и едните и другите добиле дозвола за тоа.
„И двете спротивставени коалиции тврдат дека од општинските власти и органите на МВР е дадена согласност за одржување на митинзите, што создава простор за многу шпекулации, а и потенцијални тензии, како и плодно тло за немири, што според вжештените наративи на одредени политички „натпреварувачи“ во овој изборен циклус, би било „цреша врз програмната торта“.“, се наведува во извештајот на ЦИВИЛ.
Инаку, во интервју за Слободна Европа, објавен на 24 март 2024 година, техничкиот министер на МВР, Панче Тошковски изјави дека е сомнително е што СВР Тетово доби нов началник на неколку денови пред неговото доаѓање на функција и Владата не дозволи да е сменет, тврди министерот. Тој посочи дека со началникот се сретнале и добил гаранција дека ќе има мирни избори, но сепак засилено полициско обезбедување ќе има во Тетово и Гостивар.
Д. Тахири / Цивил Медиа