„На 8 мај има само една социјалдемократска опција и само една лева прогресивна опција, која се вика Социјалдемократски сојуз на Македонија“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митигот во Македонски Брод.
Тој додаде дека денес се разјасниле сите дилеми и се заблагодари на ЗНАМ и Максим Димитриевски што јавна застанаа со ВМРО-ДПМНЕ давајќи поддршка за Гордана Сиљановска-Давкова.
„На тој начин паднаа маските. Постојано говорев дека тој политички субјект е направен за лична корист и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Како НСДП и Демократска алтернатива“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека на крај тие и нивните поддржувачи ќе бидат отфрлени и заборавени, па ќе треба да се вратат во СДСМ која секогаш ќе биде стожерна, најсилна и најголема социјалдемократска партија во Македонија.