ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС

    Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    Фото: Град Скопје

    Министерството за транспорт со демант до СДСМ: Тендерот за автобуси не е местен, бараме јавно извинување или следи тужба

    ​„27+1“ Португалија не го заборави Диого Жота: Трагично загинатиот фудбалер е симболичниот патник на Мундијалот

    Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

    СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

    Западноафриканска магија на ОФФест: Виртуозното трио „Guitari Baro“ доаѓа во Скопје

    Денеска се одбележува 23 Мај – Националниот ден на Власите

    Филипче: Буџетот е пред колапс, нема пари за поголеми плати, пензии, нема за мерки

    Фото: Собрание на Република Северна Македонија

    Граѓанските организации апелираат: Пратениците да не го поддржат бришењето на невладиниот сектор од Законот за игри на среќа

    Анаис. Мотив, Охрид

    Викенд хороскоп на Анаис за 23 и 24 мај 2026: Оперативна прецизност и подготовка на системот

    САД објавија нова серија тајни документи за НЛО: Пријавени зелени сфери и огнени топки

    Скршеното огледало на апсурдот, носорозите меѓу нас

    Конференција во Скопје: Жените извршуваат над 76% од неплатената работа за грижа, потребна е системска трансформација

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Пеп Гвардиола откри зошто го напушта Манчестер Сити по 10 години: „Задоволен, среќен и горд“

    (ВИДЕО) Шок во Англија: Тухел го објави списокот за Светското првенство, нема неколку фудбалски ѕвезди

    Поништена e јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 електрични полначи

    Канада го пречекува светот: ФИФА Светско првенство 2026

    (ВИДЕО) Емотивно збогување на Стивен Колберт со „The Late Show“: Ѕвездено финале и последни критики кон мрежата

    СДСМ до Орце Ѓорѓиевски: Денот на Европа го одбележува со 15 дена задоцнување, страв ни е елката да не ја кити за Велигден

    Трагедија на скопската обиколница: Четири лица загинаа во страотен судир меѓу „БМВ“ и камион

  • ПОЛИТИКА

    Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

    Филипче: СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавена кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

    Мицкоски на јубилејот на „Костал“ во Охрид: Компанијата е приказна за успех и двигател на македонската економија

    ЕУ додели нови 65,7 милиони евра за реформи во Македонија, Филипче обвинува за изгубени 200 милиони

    (ВИДЕО) Филипче со јавен повик до Мицкоски: Да ги донесеме уставните измени заедно, СДСМ ќе ја сподели одговорноста

    НИКОЛОСКИ: Следната година се пушта една лента од Прилеп-Битола, „Левица“ штити сопственици на вили кои може да ја чинат државата 100 милиони евра

    Филипче: Младите не си заминуваат само поради стандардот, туку затоа што не веруваат во системот

    Форум на жени на СДСМ најави пријави: Бараат разрешување на Неделковски и санкции за Тасевски поради говор на омраза

    Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ​„Студентарија“ алармира: Студентите во реновираните домови ќе плаќаат поскапо сместување

    Фуркан Салиу: За две години власта ја врати меѓуетничката омраза и го блокираше патот кон ЕУ

    Фото: Министерство за правда

    Филков за протестите за правосудниот испит: Познавањето на македонскиот јазик е законска обврска, а не дискриминација

  • ФРОНТ
    • All
    • ESPRESSO
    • FRONTACTION
    • ВО ЕДНО
    • ТРИЧКОВСКИ

    Седумнаесетти мај 2015 година не се случи сам од себе, не падна од небо

    Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Звукот на привикнувањето

    Македонија е избришана од агендата на ЕУ

    Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Илустрација Фронтлајн

    Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

    Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

    Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

    Насмевки, ракувања и војна

    Не со децении, Мицкоски може да чека и цел век

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    БРТ Скопје: Проект на Шилегов и СДСМ што беше блокиран, па „реанимиран“ од ВМРО-ДПМНЕ

    Мисија Брисел: Како да немаш напредок, а да звучиш како да имаш

    Тестот со патката: Кога некој звучи како Кремљ

  • ОПШТЕСТВО

    Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

    Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

    Фото: Ангел Ангеловски

    Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието да не легитимира здруженија што шират теории на заговор и морална паника

    НВО сектор: Македонија станува сè поопасно место за жените, системот потфрла по новиот фемицид во Битола

    Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

    Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

    Скопје со активности во знакот на Европа

    Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

    Распишан конкурсот за државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

    „Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

    Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

    Црн биланс на работните места: 31 жртва во несреќи при работа во текот на 2025 година

    Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

    20 години без одлука: 100% воен инвалид без дом, државата знае – не решава

    „Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

    Илустрација Фронтајн

    Од денеска целосно оперативен ЕЕС системот за влез во ЕУ: Што треба да знаат патниците и возачите?

    Илустрација Фронтајн

    НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Од 10 април започнува дигиталната евиденција на границите (EES)

    Барселона настапи со дресови дизајнирани од уметница со Даунов синдром

  • СВЕТ

    Генерирано со ВИ

    ЕУ и САД постигнаа привремен трговски договор до 2029 година

    (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    Убиство во џамија во Сан Диего. Фото Скриншот, Видео Би-Би-Си

    (ВИДЕО) Смртоносен напад во џамија во Сан Диего: Тројца убиени, напаѓачите тинејџери пронајдени мртви

    (ВИДЕО) Инциденти и тензии во Пекинг: Повредена службеничка и спор со Тајната служба за време на посетата на Трамп

    ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

    Фото: илустрација Фронтлајн

    Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб Индипендент

    (ВИДЕО) Кралски говор во Британија: Владата на Стармер предлага 37 нови закони за економски раст и национална безбедност

    (ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

  • ЕКОНОМИЈА
    • All
    • БИЗНИС

    „Лидл“ најавува нови вработувања и ги открива досегашните инвестиции: Извозот на македонски производи лани достигнал 15,5 милиони евра преку нивната мрежа

    ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

    Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

    Битиќи: За две години јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра

    АСОМ бара итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

    Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

    Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

    Фото: Министерство за транспорт

    Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

    Фото: МИА

    Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

    Фото: ССМ

    Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади – ССМ направи пресек

  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА

    Настан во Прилеп во чест на Дарко Дамески: 55 години од „Златната арена“ за „Црно семе“

    Почнува 52-то издание на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Прилеп и Долнени

    Добрила и Дориан го промовираат својот трет албум „Wind To Blow“, концертната премиера закажана на ОФФест

    Италијанска музичко-поетска вечер во Филхармонија на „Скопје брас фестивал“

    Нина Ангеловска ја објави својата прва книга „Ништо случајно“: Отворено за бизнисот, политиката и мајчинството

    „Фолтин“ слави 30 години од првиот концерт: Промовирано јубилејно лого дизајнирано од Зоран Кардула

  • СПОРТ

    Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    Фото: ВИ

    ​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

    ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

    Зисовска Апостолска: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници

Home ОПШТЕСТВО

Зошто Велигден не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот?

May 4, 2024 09:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа? Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.

Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот. Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн. Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува? Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот.

Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века. Христијаните на Исток, во Азија: Ерусалимската, Антиохиската и Александриската црква го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Тоа бил датумот на Старозаветната Пасха. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Значи, Велигден можело да падне и во петок и во вторник… А, уште повеќе што тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха. Христијаните, пак, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела.

Зошто во недела?

Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. Поделбата започнала. Настанале спорови, расправии, кавги, непријателства и прекари, именувања едни кон други: едните ги викале „кватродецими“, на латински, што значи „четиринаестодневници“, другите „доминикани“ – „неделници“. Значи, календарското неединство е од дамнина. Не е нешто ново и нешто што ни се случува нам, сега, туку постоело со векови. Овие две различни празнувања на Велигден постоеле во првите три века, па дури на Првиот вселенски собор, во 325 година, било поставено и решавано прашањето за едно и заедничко празнување на Велигден за сите христијани. Соборот донел одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Тоа, веднаш значело дека Велигден ќе биде секогаш по јудејската Пасха. Не треба да биде заедно со неа. Значи, Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет;  денски, сонцев знак – пролетната рамнодневница; ноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха.

Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет.

Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста. Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот). Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Започнала секаде еднообразност за Велигден. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот.

На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците. Зошто така одлучил Соборот?

Зошто на полноќ веднаш, а не дента?

Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. Тогаш, како определувале на Соборот? Какво е објаснувањето? Точно е дека во евангелските текстови не се спомнува часот на Христовото воскресение, но се даваат одредени временски ориентири. На пример, за жените мироносици се вели дека „во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето“ (Марко 16,2). Во Евангелието според Матеј пишува: „Кога измина саботата, на осамнување“ (Матеј 28,1). А Лука запишал: „Многу рано тие дојдоа на гробот“ (Лука 24,1). И најпосле, Јован, којшто последен го напишал Евангелието и ги прочитал претходните, запишал: „уште дури беше темно“ (Јован 20,1). Но, никој не вели: на полноќ. Можно е целото време од полноќ до 3-4 часот наутро, пред да зазори. Така е. Временска точност нема. Тогаш што нè води кон полноќта? Еве што. Прво, сигурно е дека тоа не се случило денски. Ова е јасно, бидејќи жените мироносици пошле „уште во темно“, а Христовото тело веќе не било во гробот и ангелот Божји што стоел кај влезниот камен рекол: Христос воскресе. За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: „Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви “ (Матеј 28,2-4). Ним им е допуштено да го видат само ангелот и тоа во неопислив страв и трепет, а не и воскресението. Тоа и не можеле да го видат, не само тие, туку и никој со човечко око. Дури и најизбраните тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован, кои ги зел Христос со Себе на Преображението, биле заслепени од Божјата светлина и ничкосани до земја, не можеле да видат ништо, а не стражарите. И, сепак, тоа било само Неговото преображение, а не Воскресението. Кој можел да ја поднесе таа светлина? Стражарите одвај го издржале јавувањето на ангелот Божји, а не… Потоа, во страв избегале и право отрчале кај првосвештениците да им кажат. Кога дошле жените, нив веќе ги немало таму. Сето ова траело некое време. Изминале неколку часа. В зори веќе било сè готово. Значи, настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ, вели светата Црква. Не пред полноќ, затоа што рекол Христос дека ќе остане во срцето на земјата, како што беше Јона во утробата на китот три дни (Матеј 12,40; Јона 3,5 сп. Матеј 26,61; 27,40; Јован 2,19). Бројот три има симболика на потполност, целина и довршеност. Народите на Исток, па и Евреите, верувале дека душата на покојниот два дена останува во близина на телото, а во третиот ден заминува. Тоа е уште еден доказ дека Он бил мртов и душата си заминала од кај телото. Не било тоа клиничка смрт или времена несвесност, туку вистинска смрт и умирање, вистинско погребение на мртвото тело и висинско воскресение.

А зошто воскреснал во почетокот на третиот ден? Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскресна. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог и Спасител не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе! А отпоздравот значи потврдување на вистината за Христовото воскресение и потврдување на својата вера во тоа. Велигден е денот на најмасовното и најсилното јавно исповедање на верата христијанска, од сите христијани во светот: дека Христос воскресе. Но, тоа не е само меѓусебно кажување на христијаните, туку и нивно најголемо заедничко кажување на светот дека Христос воскресе. Тоа му го објавуваат на целиот свет и на сите луѓе во светот.

Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. На почетокот, тоа право ѝ го дале на Александриската црква, затоа што таа имало најмногу учени луѓе. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 г. и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, пак, римскиот монах Дионисиј Мали ги зел новите пресметки од учениот александриски монах Анијан, ги преработил, ги прилагодил со јулијанскиот календар и ги направил конечните Велигденски таблици, со сите правила и редослед – точно и неизменливо. Тоа важи и до денес, и за секогаш. Формиран е Велигденски круг, Пасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт (а станува збор за целосниот круг на Сонцето и Месечината, од еден до нов почеток, кога нивните кругови започнуваат заедно). Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Следат нови 532 години со истите дати за Велигден како во претходниот. Зошто се определени 532 години во кругот и како тие остануваат неизменети до бесконечност? Тоа е чиста астрономија и математика. Направено е според поставените закони во  вселената. Монасите пресметале дека по 532 години, Сонцето и Месечината почнуваат заедно, а Велигден паѓа во ист ден како пред 532 години и сè се повторува од тој петвековен круг.

Како е добиен бројот 532? Со множење на кругот на Сонцето и на Месечината. Сончевиот круг има 28 години и потоа, пак во истите денови се паѓа недела. Кругот на Месечината трае 19 години и потоа исто се повторуваaт месечевите мени во следните 19 години итн. Помножени се овие години и добиен е Велигденскиот круг (28х19=532). Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година. Зошто дури 15 круг? Па нема толку години и кругови од Христовото раѓање наваму. Да, нема. Но, пресметката на круговите е започната не од Христа наваму, туку од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа. Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај. Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268). Откако е направена формулата, започнале да се прават и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега. Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век.

*        *        *

Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јулијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените  дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно. Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум за сите православни цркви. И добро е што е така. Слава на Бога! Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред.

За МИА подготви Проф. д-р Ратомир Грозданоски

Tags: Велигден
Next Post

Облачно со повремени врнежи од дожд

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

May 23, 2026
Фото: Град Скопје

Министерството за транспорт со демант до СДСМ: Тендерот за автобуси не е местен, бараме јавно извинување или следи тужба

May 23, 2026

​„27+1“ Португалија не го заборави Диого Жота: Трагично загинатиот фудбалер е симболичниот патник на Мундијалот

May 23, 2026

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

May 23, 2026

СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

May 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Бугарија со „Бангаранга“ е победник на Евровизија 2026!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓаните револтирани од хаосот со влезниците за Дејвид Гета за 8. Септември, Авалон лимитира коментари на Фејсбук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk