ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Обид за убиство на политичар во северно Косово

May 6, 2024 16:06
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата на Косово потврди дека непознато и маскирано лице вчера во Лепосавиќ, во северно Косово, се обидело да го убие членот на партијата на косовските Срби, Прогресивна демократска партија (ПДС), Марко Јаблановиќ, но атентатот не успеал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на косовското МВР се наведува дека Јаблановиќ пријавил оти, при влез во локал во Лепосавиќ, забележал маскирано лице со вперен пиштол кон него, но обидот за убиство пропаднал затоа што атентаторот не пукал, веројатно затоа што оружјето откажало.

„Пријавителот изјави дека додека влегувал во кафеана, во негова близина забележал маскирано лице со пиштол в рака, кој го вперил во оштетениот, но тој не успеал да пука. Полициските единици излегоа на местото на инцидентот, додека по налог на обвинител случајот оди во редовна постапка“, се наведува во соопштението на Полицијата.

На чело на ПДС е Ненад Рашиќ, министер за заедници и враќање во владата на Албин Курти. Оваа партија се смета за опонент на нејголемата партија на косовските Срби, Српска листа, која е во отворена координација со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со властите во Белград. Откако пред година и пол се повлече од Владата на Курти и ги повика Србите да ги бојкотираат косовските институции, СЛ оние што не се повинија на повикот ги прогласи за предавници на српскиот народ. Тие се постојано мета на вербални напади преку социјалните мрежи, а на некои од нив им се палени автомобилите и, во еден случај, недвижниот имот.

Заменик министерот за заедници и враќање од редовите на ПДС, Радоица Радомировиќ за вчерашниот обид за атентат ги обвини официјален Белград и поранешниот потпретседател на СЛ, Милан Радоичиќ, по кого е распишана потерница од Интерпол, откако и самиот ја презеде одговорноста како водач на нападот во Бањска, на 24 септември минатата година, кога загинаа косовски полицаец и тројца од српските напаѓачи.

„Трагичниот настан (атентатот врз Јаблановиќ) не се случи бидејќи на напаѓачот му откажало оружјето од типот ‘Шкорпион’. Несомнено е дека зад атентатот стојат белградскиот режим и Радојичиќ и локалните каубојци (поранешните водачи на СЛ), Славко Симиќ и Зоран Тодиќ… Нашироко е познато дека Марко и јас го поддржавме Александар Јаблановиќ да ги донесе потребните промени во Лепосавиќ. Откако Јаблановиќ во Белград се договори со Александар Вулин, со Вучиќ и членот на БИА (Безбедносната информативна агенција на Србија, Бојан) Димиќ дека за малку пари и привилегии ќе се повлече како кандидат за градоначалник на општина Лепосавиќ, Марко… се обиде да си го врати достоинство и да си го земе животот во свои раце“, напиша Радимировиќ на Фејсбук.

Next Post

Атлетичарот Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk