ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Завршена ревитализацијата на црквата на Ангелот од Курбиново

May 7, 2024 16:02
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска информира дека по неполни четири години, интервенциите за целосна заштита на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново се во последна фаза, со што сонот и заложбите на генерации експерти од заштитата се реализирани.

„Црквата на Ангелот од Курбиново трпеливо чекаше на достојно внимание. И го доби, и стана наш врвен приоритет. Црквата доби статус – добро во опасност, со што ги мобилизиравме сите стручни и материјални ресурси од заштитата“, вели министерката за култура. Таа додава дека свесни за непроценливата вредност на овој драгоцен камен од мозаикот на нашето културно наследство, Владата, Министерството за култура, Заводот и музеј Битола и институциите од заштитата започнаа сериозен, комплексен зафат еднаков на подвиг.

Европскиот центар за византиски споменици од Солун во овој потфат беше наш исклучително вреден стручен соработник“, истакнува Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека оваа скапоценост од 12 век, што ја впишавме на Тентативната листа на УНЕСКО за светско културно наследство, сакаме што поскоро да биде видлива во сиот свој сјај и за светската јавност.

Токму нејзиниот фрескоживопис ја вбројува оваа црква меѓу најважните дела на средновековната византиска уметност во светски рамки“, додава Костадиновска-Стојчевска, потсетувајќи дека  во пандемичната и неизвесна есен 2020-та со крајно внимание, неопходна стручност, со рекордно зголемен буџет за заштита на културното наследство во опасност и по проект изработен со огромна професионална посветеност, започнаа конзерваторско-реставраторските интервенции на архитектурата, а потоа и на ѕидното сликарство на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново.

Иако паралелно се одвиваат конзерваторски и реставраторски работи и на скопскиот Аквадукт, на многубројни цркви и манастири, како и санација на спомен-обележјата од НОВ, без задршка можам да кажам дека црквата ’Свети Ѓорги‘ во Курбиново беше приоритет во нашата политика за заштита на културното наследство како уште еден битен и несоборлив идентитетски столб“, вели министерката за култура.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаКурбиново
Next Post

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Инаугурација на претседателот се очекува по 12 мај

НАЈНОВО

СДСМ: 4 години разочарувања – 4 години лoкална власт на ВМРО-ДПМНЕ

August 23, 2025

Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград

August 23, 2025

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk