ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МВР: Пријави за делење бонови за гориво, расфрлани летоци, повици за поддршка за гласање дел од пријавите за кршење на изборниот молк

May 8, 2024 10:45
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение за избиорни нерегуларности за време наизборниот молк за кои се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници.

„На 07.05.2024 Е.Д. од Крњево пријавил дека во домот дошле три лица од ДИК, со цел неговиот дедо да оствари право на глас од избирачко место бр. 2828. Е.Д. се сомневал дека не биле лицата од ДИК, бидејќи не биле претходно известени и требало да присуствуваат пет лица. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на настанот.

На 07.05.2024 во координација со ОЈО Куманово преземени се активности во врска со  настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа. Извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во присуство на Ј.Ј. и М.Ѓ. биле пронајдени пет бонови за гориво во вредност од по 1.000 денари со втиснат датум од 08.05.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата која ја носел вработениот пронајдени се два бона за гориво во вредност од по 1.000 денари и фискална сметка. Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б.С., С.М., М.Ѓ. и М.Д., сите од Крива Паланка поради извршување на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2024 во 18,25 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, А.К. (24) од село Стримница пријавил дека се оштетени два банера со рекламен материјал од политичка партија кои биле поставени на кружен тек од улица „В.С.Бато“ со ул. „Маршал Тито“ во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2024 во 22,10 часот, Ц.Т. од Неготино пријaвила кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“, извршено од Л.Р. од Неготино. Имено, според пријавеното, околу 20,17 часот, Ц.Т. добила телефонски повик од Л.Р. за поддршка за гласање, на што Ц.Т. одговорила негативно. Потоа Л.Р. и нагласила на Ц.Т. дека имала земено ИПАРД поддршка, по што го прекинала повикот. За настанот известен е надлежен јавен обвинител и ќе се преземат дополнителни проверки.

Во непосредна близина на избирачко место 1180 во ОУ „Христијан Т.Карпош“ во с.Драгоманце општина Старо Нагоричане забележани биле расфрлани летоци од политичка партија. Летоците се отстранети.

Во текот на изборниот молк пријавени се и неколку случаи за наводно агитирање и нудење поткуп, но по преземени мерки од страна на полициските службеници тие наводи до сега не се потврдени“, соопштија од МВР.

Next Post
Фото: ТРТ

Карго авион принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден (видео)

НАЈНОВО

Арка-Борец балкански шампион во кајак на диви води

August 25, 2025

Грилиш: Не престанав да го сакам фудбалот во последните неколку години, но не уживав толку многу во него

August 25, 2025

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk