ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Мицкоски: До 28 мај има можност коалицијата „Твоја Македонија“ да консолидира 61 пратеник

May 9, 2024 21:20
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува до 28 мај да биде формиран новиот парламент и најавува дека до тој термин има можност ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ да консолидира 61 пратеник.

-Веќе има најави од новите пратеници кои планираат да ја поддржат новата влада. Очекувам до 28 мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. Вие споменавте 58 пратеници или нешто повеќе од 436.000 гласови нешто што до сега е не запаметено на толкава излезеност и на толкав процент на освоени гласови од позиција на опозиција. И ценам дека овој историски резултат можеби многу тешко понатаму би се повторил, рече Мицкоски вечерва во емисијата „Само интервју“ за Канал 5.

Тој повторно потврди дека коалицијата Вреди ќе биде нивниот главен коалициски партнер, која ја оцени како вистински претставник на албанската заедница во земјава, и додаде дека во идната влада се добредојдени сите кои ќе ја почитуваат предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со освојување на 107.000 гласа, коалицијата ВРЕДИ го потврди својот кредибилитет за да бидат кредибилен партнер на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. На секого ќе му дадеме шанса иако не очекувам ДУИ да ги прифати новите политики на владата. Ахмети се опкружи со погрешни луѓе затоа негова одговорност е да оди во опозиција. Сепак, потребни ни се 80 пратеници во Парламентот за системски реформи и затоа секому ќе му дадеме шанса, рече Мицкоски.

Најави дека демографијата и фертилитетот ќе бидат голем предизвик за новата влада и порача дека ќе се реформираат министерствата и ќе има префрлање на надлежности од едно во друго министерство, како и дека повеќе нема да има министри без ресор.

Утре, како што кажа, ќе има средба со коалициските партнери од „Твоја Македонија“ на која ќе ги слушне и нивните мислења и предлози за идната коалициска влада.

– Неформални комуникации со потенцијалниот коалициски партнер Вреди постојат и сега, но најпрво треба да имаме средби со коалицијата „Твоја Македонија“ и да одбереме луѓе кои ќе преговараат, а за нив треба одобрение да ни дадат и органите на партијата, посочи Мицкоски и додаде дека не сака да води преговори под притисок и ултиматум, туку со дијалог и аргументи.

Нагласи дека тој е првиот што сака да ја види земјава во ЕУ, но додаде дека не прифаќа ултиматуми со кои, како што рече, македонскиот народ ќе ги плаќа грешките на некои неразумни политичари.

-Мора да покажеме карактер ако сакаме да не почитуваат, а не да бидеме потчинети, потенцира Мицкоски.

Next Post

Собраниската седница за инаугурација на Силјановска Давкова в недела, роковите за приговори до ДИК завршуваат денеска

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk