ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Инаугуративното обраќање на Претседателката: Бла, бла, Македонија, бла, бла, Мицкоски, Мицкоски, Мицкоски, бла, бла, жени…и толку

May 13, 2024 16:10
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ

Пишвуа: ДРАГАН МИШЕВ

Уште не седната на претседателската фотеља, со првите реченици изговорени во својство на новата функција, новата претседателка на Република Северна Македонија предложена од ВМРО – ДПМНЕ, веќе предизвика дипломатски и меѓународен скандал, кој секако ќе има далекусежни последици по евроинтеграциите на земјава.

Имено, при давањето на претседателската заклетва, Силјановска – Давкова избегна целосно да го повтори текстот од заклетвата кој го читаше собранискиот спикер, туку државата со која ќе претседателствува во наредните 5 години, наместо со новото уставно име, ја нарече само Македонија, што доведе до тоа грчката амбасада да ја напушти собраниската сала во знак на протест.

И колку и да се трудат „експертите“ од вмровска провиниенција да ја оправдаат со неизменетото уставно име во изборниот законик, според кој се чита заклетвата, каде се уште стои Република Македонија, таа не го изусти зборот Република, туку со изјавата се самопрогласи за претседателка на целиот географски регион Македонија, во кој покрај делот во Северна Македонија, спаѓаат и Пиринскиот и Егејскиот дел, кои се наоѓаат на териториите на соседните држави, Бугарија и Грција, што претставува иредентистички чин кој наговестува територијални претензии на претседателката.

Ваквиот чин секако не треба да изненадува никого, новата претседателка само ја спроведува на дело предизборната реторика дека нема да ја користи придавката „Северна“, исто како што во продолжението на инаугуративното обраќање огромно внимание му посвети на партискиот лидер Мицкоски, кој го спомна неколку пати, повторно во духот на сервилноста кон неговиот „лик и дело“ што ја покажа кога во пресрет на вториот круг од претседателските избори изјави:

„Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски. Тој е лидер на политичка партија.“

За крајот на обраќањето да го посвети на жените, избегнувајќи да каже ниту збор за плановите за иднината на земјата и нејзините евроатлантските интеграции за време на нејзиниот мандат, што и не зачудува ако се земе предвид нејзиното опкружување, со кое на социјалните мрежи кружи фотографија направена во претседателскиот кабинет, и во кое спаѓаат неколку докажани противници и кочничари на НАТО и ЕУ интегративните процеси на земјава  ( за кои се шпекулира дека ќе бидат советници во нејзиниот кабинет), и, што е уште поскандалозно, на сликата е и човекот кој во својство на одговорен уредник на една телевизија, се закануваше дека ќе летаат глави и ќе бидат убивани по улица политичките неистомисленици и нивните семејства.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Вагнер: Германија нема да дозволи „сиви зони“ во Европа, Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk