Експлицитен говор на омраза и повици за апсење на поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, поради неговата реакција дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова практично ѝ објави војна на Грција со тоа што при инагурацијата одби да го употреби новото уставно име на државата.
Извесен профил, партиски бот, Черга омнес, на Х (Икс) ги повикува челниците на ВМРО-ДПМНЕ да го избркаат Малески од неговото работно мести и да го уапсат.
„Прва задача на вмро треба да биде да ги истреби ваквите. Ако имаат функција, одма отказ, сопри му ги сите приходи од државата врз која плука ! Провери му го потеклото на целиот имот и провери со кого комуницира и соработува и Апс!“
Истиот профил продолжи со експлицитен говор на омраза, користејќи фотомонтажа и злоупотребувајќи го логото на порталот НЕЗАВИСЕН, објавувајќи наслов: „Има ли некој грчки или бугарски к** за пушење? Слабо сум со пари нешто“.
Профилот „Черга омнес“ објави фотомонтажа злоупотребувајќи го логото на Макфакс, објавувајќи лажен наслов: „Мицотакис до Силјановска: Нема да прифатиме слични лапсуси. Ако продолжите ќе ја вратиме ќерката на Заев што ја добивме за остров“.
Оваа фотомонтажа предизвика коментари со говор на омраза.
Извесен профил „Дете од улица„ коментира: „Нека ни ја вратат, ние ќе ја е****“, додека „Черга омнес“ му реплицира: „Прво нека и ја вратат километражата“.
Како и да е, секој има право на мислење и толкување на законите, меѓутоа во дебатата не смее да се користи говор на омраза и дезинформации.
ЦМТ / Цивил Медиа