ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Изоставувањето на „Северна“ на Силјановска Давкова предизвика реакции и говор на омраза

May 13, 2024 16:15
in PMD, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Експлицитен говор на омраза и повици за апсење на поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, поради неговата реакција дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова практично ѝ објави војна на Грција со тоа што при инагурацијата одби да го употреби новото уставно име на државата.

Извесен профил, партиски бот, Черга омнес, на Х (Икс) ги повикува челниците на ВМРО-ДПМНЕ да го избркаат Малески од неговото работно мести и да го уапсат.

„Прва задача на вмро треба да биде да ги истреби ваквите. Ако имаат функција, одма отказ, сопри му ги сите приходи од државата врз која плука ! Провери му го потеклото на целиот имот и провери со кого комуницира и соработува и Апс!“

Истиот профил продолжи со експлицитен говор на омраза, користејќи фотомонтажа и злоупотребувајќи го логото на порталот НЕЗАВИСЕН, објавувајќи наслов: „Има ли некој грчки или бугарски к** за пушење? Слабо сум со пари нешто“.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна во името на „Македонија“, а не на „Република Северна Македонија“ како што е предвидено со договорот од Преспа, истакнувајќи дека „нема повеќе да прифатат слични лапсуси“.

Профилот „Черга омнес“ објави фотомонтажа злоупотребувајќи го логото на Макфакс, објавувајќи лажен наслов: „Мицотакис до Силјановска: Нема да прифатиме слични лапсуси. Ако продолжите ќе ја вратиме ќерката на Заев што ја добивме за остров“.

Оваа фотомонтажа предизвика коментари со говор на омраза.

Извесен профил „Дете од улица„ коментира: „Нека ни ја вратат, ние ќе ја е****“, додека „Черга омнес“ му реплицира: „Прво нека и ја вратат километражата“.

Реакциите и говорот на омраза следуваат откако вчера новата македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, се заколна во името на „Македонија“, а не во името на „Република Северна Македонија“. Дел од граѓаните со воодушевување и одобрување ја прифатија постапката на Давкова, додека друг дел од граѓаните сметаат дека со тоа го прекрши Уставот.

Како и да е, секој има право на мислење и толкување на законите, меѓутоа во дебатата не смее да се користи говор на омраза и дезинформации.

ЦМТ / Цивил Медиа

Next Post

Евролигата ја избра најдобрата петорка

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk