ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д, договориле Азески и раководството на „Бехтел и Енка“

May 15, 2024 11:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора на Северна Македонија стои на располагање во изнаоѓање, односно вмрежување на локалните домашни компании кои треба максимално да бидат вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д,  било договорено на вчерашниот состанок на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и неговите соработници со раководството на компанијата „Бехтел и Енка“.

Двете страни, како што соопшти Стопанската комора на Северна Македонија, се договориле и понатаму да ги продолжат контактите со засилено темпо со што би се олеснила реализацијата на овој проект.

На состанокот, Азески и раководството на „Бехтел и Енка“ разговарале за динамиката за остварување на планираните активности. Притоа од страна на Азески било потенцирано дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко.

Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“, како што е наведено во соопштението, било подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности.

Раководството на „Бехтел и Енка“ побарало поддршка од Стопанската комора на Северна Македонија во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4 000 работници (квалификуван кадар-инженери и сл. како и неквалификуван кадар-општи работници).

-Стопанската комора на Македонија ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години, се посочува во соопштението.

Договорот со  „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа – Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.

„Бехтел-Енка” во регионот има реализирано проекти за изградба на автопатишта во Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Турција и Романија. Заедно, „Бехтел-Енка” имаат изградено повеќе од 28.000 километри автопати и патишта, 100 тунели и 26 големи мостови.

Tags: „Бехтел и Енка“домашни компанииизградба
Next Post

Владата на Северна Македонија најотворена во регионот со 79%, според Индексот на отвореност

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk