Речиси 450.000 луѓе кои избегаа од Рафах во текот на минатата недела немаат засолниште, вода и тоалети, според главната агенција на ОН за помош во Газа (UNRWA), пренесува Си-Ен-Ен.
УНРВА во вторникот објави дека семејствата продолжуваат да бегаат од Рафах во потрага по безбедност, бегајќи каде што можат – вклучително и во урнатините и песочните дини.
Во извештајот на ОН се вели дека сите страни мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и основните потреби на цивилите „вклучувајќи храна, засолниште, вода и здравје – мора да бидат исполнети, каде и да се во Газа и без разлика дали се движат или престојуваат“.
Невозможно е да се подобри ситуацијата на местата за раселување ако залихите не можат да влезат во Газа, се вели во извештајот.
Во извештајот, исто така, се вели дека израелските доселеници нападнале камиони со помош за Газа на окупираниот Западен Брег во понеделникот, според канцеларијата на агенцијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
ОН го повика Израел да стори повеќе за да ги заштити камионите со помош од насилство од страна на израелските доселеници и да се погрижи сите наводи за насилство од доселениците да бидат истражени и сторителите кривично да се гонат.
Д. Т. / Цивил Медиа