ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Мицкоски спроведува политика која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови

August 24, 2025 11:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Во најновото обраќање, кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, остро ја осуди, како што ја нарече, системската политика на новата власт за маргинализација и потиснување на Албанците од сите општествени текови. Османи порача дека не станува збор за поединечни инциденти, туку за координиран проект на елиминација.

„Владата на ВМРО и ЗНАМ, предводена од Христијан Мицкоски, во полн интензитет продолжува да ја спроведува политиката која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови, враќајќи ги на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор“, пишува Османи.

Тој го обвини Мицкоски за длабока нетолеранција кон Албанците, која според него се манифестира и на лично и на институционално ниво.

„Оваа политика на Мицкоски неретко ја гледаме како израз на неговиот личен карактер: ‘ќе ги вадиме за уши’, ‘ќе им го покажеме местото’, но и во неговата професионална, или службена поставеност на отстранување на Албанците од концентричните кругови на неговото најтесно окружување: од неговиот личен Кабинет, преку најблискиот круг на административна поддршка во Владината зграда, па се до клучните Владини работни групи или во делегацијата на клучните работни посети“, истакнува Османи.

Како особено понижување за Албанците, Османи го наведе и доделувањето на ресорот за Охридскиот договор на, како што го нарече, „Српскиот свет во земјава“.

„Како поинаку да се толкува доделувањето на клучната Владина позиција за спроведување, негување и унапредување на вредностите и придобивките од Охридскиот Рамковен Договор директно во рацете на Српскиот свет во земјава“, пишува Османи.

Тој предупредува и на низата други штетни чекори кои, според него, ја потврдуваат оваа политика: од укинувањето на Балансерот, преку маргинализацијата на Бадентеровиот механизам, до отстранувањето на Албанците од политиките на Централната банка и финансиските институции.

„Овие механизми – Бадентер, Балансер, јазична застапеност итн., – претставуваат механизми за заштита од мајоризација, и токму тие се најголемата пречка за спроведувањето на крајната радикална националистичка политика на Мицковски, ВМРО и ЗНАМ кон Албанците“, истакнува Османи.

Во обраќањето, тој укажа и на улогата на т.н. прокси играчи на Мицкоски, како Уставниот суд, ДИК, Централната банка и други тела, преку кои се реализира оваа стратегија. Според него, најбедна е позицијата на остатоците од ВЛЕН во Владата.

„Тие и самите се понижени и отстранети од масата кога Македонците носат одлуки, но уште потрагично, потоа мора да ја играат улогата на поданици – да ги спроведуваат, правдаат и да им даваат легитимитет на овие одлуки“, нагласува Османи.

Како одговор на сè ова, Османи порача дека овие избори се референдум за достоинството и еднаквоста на Албанците.

„Ова не е повеќе обична политичка битка. Ова е историски миг во кој Албанците мора да се изјаснат – дали ќе прифатат повторно да бидат неми набљудувачи додека ги бришат од системот? Дали ќе дозволат повторно да бидат ‘толерирани’ наместо вреднувани?“, прашува Османи.

Тој порачува дека Албанците нема да се откажат од европската перспектива на државата и ќе се спротивстават на секој обид за приближување кон антизападни геополитички центри.

„Албанците не сакаат да се откажат од европската иднина на оваа земја; не сакаат немо да гледаат како земјава се сели во прегратките на српскиот свет и кинеско – руските прегратки, туку сакаме да ја видиме како современа, прозападна земја, која е полноправна членка на НАТО и ЕУ“, истакнува Османи.

Обраќањето завршува со порака до сите кои, како што вели, не сфаќаат зошто овие избори се третираат како историски за Албанците:

„Не сфаќаат, ама наскоро ќе им се разјасни“, заклучува Османи.

Tags: МицкоскиОсмани
Next Post
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор

Shortcut

Најново

Фестивалот на Де Ниро го одбра девојчето со шалвари и скејтборг на Дина Дума

June 1, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk