ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Очекувам спроведување на најновите патокази за забрзано придвижување кон заедничкиот внатрешен пазар

May 16, 2024 11:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изминатиов период и покрај фактот што Северна Македонија беше во изборен период интензивно работевме на финализирање на нашата реформска агенда 2024-2027. Последната нацрт верзија на реформската агенда одобрена од Владата беше споделена од Европската комисија на почетокот на мај. Очекувам спроведување на најновите патокази кои се однесуваат на забрзано придвижување кон заедничкиот внатрешен пазар, но и на спроведувањето на реформската агенда.

Ова во обраќање го посочи премиерот на техничката Влада Талат Џафери на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија“, на панелот 1 „Состојбата на терен и идните планови – нов план за раст“.

-Воедно сакам да потенцирам уште два важни моменти кои исто така се случија по состанокот во Тирана. Првиот беше на крајот на април кога Северна Македонија ја поднесе својата пред апликација за членство во Единствената европска платежна област (СЕПА). И вториот, кој е во однос на иницијативата за европски центри за дигитални иновации, односно во март, објавивме јавен повик на кој аплицираа повеќе центри за дигитални иновации. Ова се мали но значајни чекори кои ја потврдуваат насоката на движење на земјава, рече Џафери.

Со таков ентузијазам и посветеност, продолжи Џафери, очекувам да се спроведат најновите патокази кои се однесуваат на забрзаното придвижување кон заедничкиот внатрешен пазар, но и спроведувањето на реформската агенда.

Во однос на регионалната соработка, посочи дека ги поддржуваме поставените темели во новиот акциски план за заедничкиот регионален пазар.

– Имајќи предвид дека сме во период пред избор на нова Влада, деталните активности за кои се надлежни ресорните институции, допрва треба да бидат етаблирани во периодот што следи. Овде сакам да го потенцирам фактот дека за да успее новиот акциски план за заеднички регионален пазар на кој напорно работат сите, треба да се одблокира работењето на ЦЕФТА, и сметам дека дојде ред, Северна Македонија да има свој претставник на највисоко ниво, истакна Џафери.

Изрази надеж, како што рече, дека „оваа трасирана патека ќе продолжи да биде водилка и за следната влада на Северна Македонија“.

Next Post

Видео од првото испрашување на човекот кој пукаше 5 пати во словачкиогт премиер Фицо

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk