Француската полиција убила вооружен маж кој сакал да запали синагога во северозападниот град Руан, изјави францускиот министер за внатрешни работи, јавува Би-Би-Си.
Според извештаите, мажот бил вооружен со нож и кога тргнал кон полицијата, тие го застрелале.
Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињаол, рече дека нападот на синагогата не влијаел само на еврејската заедница, туку и целиот град бил во шок.
Полицијата била повикана околу 6:45 часот (05:45 по Гринич) откако, според локалните извештаи, бил забележан чад што се издига од синагогата.
Кога стигнале на местото на настанот, еден од полицајците го застрелал мажот кој бил вооружен со нож и железна шипка.
Градоначалникот на Руан истакна дека пожарникарите се на терен и работат на контрола на избувнувањето на пожарот во синагогата. Се чини дека нема други жртви освен вооружениот маж, додаде тој.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин ја пофали полицијата „за нивната реакција и храброст“.
Франција, како и остатокот од Западна Европа, забележа наплив на антисемитизам откако Хамас го нападна јужен Израел минатиот октомври, што доведе до актуелната војна во Газа.