Борбата за шампионска титула во тешка категорија меѓу Олександр Усик (Украина) и Тајсон Фјури (Велика Британија) се одржува денеска со почеток во 23:30 часот.
Здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“ и клубот „Бруталиск“ организираат заедничко гледање на мечот во клубот вечерва.
Борбата меѓу двајцата ќе биде за неприкосновената титула во тешка категорија. Усик (21-0, 14 КО) ги има титулите ВБА, ИБФ и ВБО, додека Фјури (34-0-1, 24 КО) ја има титулата во ВБЦ, соопштуваат организаторите. Борбата за обединување на шампионските титули во тешка категорија ќе се одржи во Ријад.
Победникот во борбата ќе стане првиот човек кој ги обединил сите титули. Во договорот стои дека еден милион мора да донира на Украина. Украинскиот борец Олександр Усик излегуваше како победник на секоја борба, а во кариерата имаше 21 таков меч.