ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Герапетритис: Уверен сум дека граѓаните на Северна Македонија не би сакале да се стават во опасност односите со Грција и ЕУ перспективата

May 19, 2024 13:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Photo Credits; ANA-MPA

Photo Credits; ANA-MPA

Share on FacebookShare on Twitter

Пораката дека е неопходно доследно и целосно почитување на Договорот од Преспа, уште еднаш ја повтори министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во денешното интервју за грчкиот весник „Реал њуз“ и изрази уверување дека „граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција и европската перспектива на земјата“, јави дописничката на МИА од Атина.

За трите меморандуми што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, Герапетритис рече дека „ќе ги донесат во соодветниот политички момент“ и повтори дека ратификацијата зависи од „доследното и целосното спроведување на Договорот од Преспа“, бидејќи освен прашањето за уставното име, постојат и други суштински нерешени прашања“.

-Реалноста е дека сакаме да ги донесеме меморандумите за ратификација, бидејќи и ние во принцип се согласуваме со европскиот пат на Северна Македонија. Меѓутоа, ова не може да се случи, доколку не постои целосно и опипливо усогласување со Договорот од Преспа. Да не заборавиме дека имплементацијата на Договорот е јасен предуслов за интегративниот процес на Северна Македонија, рече шефот на грчката дипломатија.

Во однос на реакцијата на официјална Атина за инаугурацијата на новата претседателка Сиљановска Давкова, Герапетритис посочи дека беше брза, но според него и „повеќедимензионална и ефикасна“.

Потсети дека освен соопштенијата од грчкиот премиер и Министерството за надворешни работи на Грција, со соопштенија излегоа и претседателот на Европскиот совет, претседателката на Европската комисија и портпаролот на ЕУ, како и претставници од Министерствата за надворешни работи на други земји, „кои беа информирани и мобилизирани по иницијатива на грчкото МНР“.

-Реалноста е дека денес политичкото раководство на Северна Македонија веќе е и под внатрешен притисок. Министерството за надворешни работи на земјата излезе со соопштение дека треба да има целосно почитување на договорот од Преспа и уставното име на државата, а Министерството за правда, инаугурацијата ја карактеризираше како неважечка. Моето уверување е дека граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција и европската перспектива на земјата. Се подразбира дека на сите меѓународни форуми ги покренуваме прашањата за почитување на Договорот од Преспа и бараме негово доследно спроведување, истакна шефот на грчката дипломатија во интервјуто за весникот. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГерапетритисПреспански договор
Next Post

Таравари: Албанците во Северна Македонија ќе имаат претседател на Собранието и шест министри во новата влада

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk