ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

May 20, 2024 08:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со серија културни настани кои ќе се одржат во шест градови во државата од денеска до почетокот на јуни,  ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар, ќе ја подигаат свеста за родовата еднаквост. Овие настани се дел од проектот „Простор за разговор“ поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.

Целта на настанот е преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс, изведен од танчерите на Скопје танцовиот театар да го зајакнеме чувството на припадност кон заедницата, да ги искорениме стереотипите и да ги зајакнеме младите,маргинализираните и социјално ранливите лица.

-Настанот „Простор за разговор“ се состои од краток филм и танцов перформанс, кои претставуваат уметничка рефлексија на темата. Поканети се социолози, активисти и психолози, кои ќе говорат за тоа каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост. Преку активна вклученост на публиката и интеракција со неа очекуваме да се доловат лични искуства, вистински приказни на лица од нашето опкружување и соочувањето со родовата нееднаквост која постои. Истовремено, преку дискусиите за време на настаните градиме силни заедници кои ја разбираат важноста на почитувањето на правото на еднаквост како главен предуслов за мир и развој во средината во која живееме. Сите сакаме здраво, хумано и грижливо општество во кое младите се информирани, слушнати и поддржани преку разбирање и прифаќање на родовата еднаквост која е основа за слободен израз и остварувањето на сечиј потенцијал, велат организаторите.

Настаните ќе се одржат во повеќе градови во периодот од 20. мај до 4. јуни годинава. Првиот перформанс ќе се случува на сцената во Домот на културата во Куманово денеска, во 12 часот. Следниот ден на 21 мај, во 12 часот во Штип на сцената на Мултимедијалниот центар на УГД,  на 22 мај во 12 часот, во Велес, на малата сцена Народен театар „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“, а на 23 мај во 12 часот во Битола на новата сцена на Народниот театар и Дом на култура. Настанот „Простор за разговор продолжува на 3 јуни во 20 часот во Охрид во Младинскиот центар и на 4 јуни во 12 часот во Струга на сцената на Домот за култура. 

Tags: родова еднаквостХЕРА
Next Post

Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига

EVN

НАЈНОВО

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео BBC

Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk