ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бојаровски: Консолидaцијата на СДСМ е значајна не само во организациска смисла, туку многу повеќе во идеолошка

СДСМ треба да биде свесна дека останува единствена политичка сила со глас што ќе се спротивстави на погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во делот на најважните стратешки прашање за држвата – евроинтеграциите и добрососедските односи, вели Бојаровски

May 23, 2024 16:58
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Новинарот и политички аналитичар Зоран Бојаровски, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека ништо суштински не се менува со тоа што според бројот на пратеници СДСМ е прва опозициска сила во Собранието.

Според него, дури и како техничко прашање го оценувам тоа што со таа позиција партијата се стекнува со правото да предложи претседател на ДИК, да предложи претседатели на некои од собраниските комисии…

– Како партија којашто треба да ги предложи првите луѓе на МРТ и на АВМУ има некакво значење за да се воспостави колку-толку некаков баланс во комуникацијата со јавноста зашто од искуство знаеме колку добро ВМРО-ДПМНЕ знае да го контролира и манипулира јавното мислење, особено сега со доволно мнозинство во Парламентот за да мислат дека имаат право да креираат пецепции во нивна полза. Многу поважно за СДСМ е да се „подсобере“ колку што може повеќе за да го запре штетните влијанија внатре, во своите редови и колку што може побргу да се консолидира за да биде навистина силна опозиција, без разлика што значително помалку пратеници, вели Бојаровски за „Фронтлајн“.

Во таа насока, додава нашиот соговорник, консолидицаијата на СДСМ е значајна не само во организациска смисла, туку многу повеќе во идеолошка смисла којашто треба да биде сообразена со промените и предизвиците што ни претстојат.

– Ќе треба да смислат начини како тоа да се прави најдобро. Како што сега стојат работите, а не верувам дека нешто ќе се промени во блиска иднина, СДСМ треба да биде свесна дека останува единствена политичка сила со глас што ќе се спротивстави на погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во делот на најважните стратешки прашање за држвата – евроинтеграциите и добрососедските односи. Ако не го крене тој глас силно и плодотворно за да се спротивстави на таквите погубни политики ќе се соочи со тоа да ги гледаме како соучесници на тоа бесчестие кое ќе нè однесе во тотална изолација. Тоа не само што е одговорност кон сето тоа што беше постигнато на тој план, на планот на евроинтеграциите и добрите односи со соседите, туку и единствен начин државата да остане во сферите на интересите на прогресивните демократски и пријатрелски земји, подвлече нашиот соговорник.

Дестан Јонузи

Tags: Зоран БојаровскиКонсолидицаијаСДСМ
Next Post

Претседателот на ЕПП - Манфред Вебер, бара од „сестринската“ ВМРО-ДПМНЕ да го користи името Северна Македонија

НАЈНОВО

Синдикалната минимална кошница за август 65.507 денари

August 20, 2025

Струшките вечери на поезијата – 64 години животворна мисија на зближување на културите и народите од сите меридијани

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk