Популарниот хит на Влатко Стефановски – „Кирилица“ доби нова изведба преку интерпретацијата на актерот Јовица Михајловски, специјално за настанот „Боцкаме на Кирилица“ кој се случи во КЦ Бруталиск во Скопје во организација на Трн во чест на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, според кои е именувано нашето кирилично писмо, а кои се основоположници на глаголицата.
„Еј, Би, Си, Ди, И, Еф, Џи
Учиме странски јазици,
Но најважно од се е
А,Б, В, Г, Д, Ѓ, Е
Да не ги заборавиме,
Нашиот јазик е македонски
Нашето писмо е кирилско,
Во аманет ни е оставено пред многу векови,
За многу векови- Кирилица.“
Концептот и идејата за оваа преработка на „Кирилица“ како и за видео спотот се на Јовица Михаловски, на текст и музика на Влатко Стефановски, а музичката реализација на Бранко Тасевски – виолина, Христијан Пазарковски –хармоника, Климент Петрески- гитара и Јован Пазаркоски –контрабас.
Режијата и продукцијата се на Дениз Абдула и редакцијата на Трн.