ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мир за Украина: Повик за глобален мир и единство

May 26, 2024 14:20
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Длабоко ме трогна пораката на украинскиот претседател до светот. Човек не може да остане рамнодушен на глетката на лидерот на една суверена и независна земја како стои среде урнатините и им се обраќа на лидерите во светот, повикувајќи ги да дојдат на средба на која ќе се говори за мир.

Ако сакаме слобода и мир, имаме човечка и цивилизациска обврска да застанеме во одбрана на мирот и слободата на Украина. Не се работи само за една земја. Бруталната војна што ја води Русија против Украина е војна и против целиот свет – војна на лагите против вистината, тиранијата против достоинството и слободата, смртта и уништувањето против животот и прогресот. Тоа е војна против човековите права и слободи!

Затоа е важна оваа порака од лидерот на Украина. Трае само шест минути, но ќе остане впишана во историјата како моќен повик до светот да се разбуди и да ја одбрани слободата.

Претседателот Зеленски стои среде разурнатата печатница „Фактор-Друк“ каде што се наоѓа печатарската продукција на украинската издавачка куќа „Виват“. Се работи за најголемиот печатарски објект во Украина. Една третина од сите книги печатени во Украина се печатени таму. Заедно со објектот изгореле околу 50.000 книги, меѓу кои се и насловите отпечатени за најголемиот фестивал на книгата во Украина што треба да се одржи овие денови.

Да, Украина живее, наспроти теророт што го спроведува Русија против Украина повеќе од десет години, а спроведува целосна инвазија повеќе од две години.

Зеленски прави паралела со познатото дело од Реј Бредбери – „Фаренхајт 451“, велејќи дека температурата на огнот во печатницата не успеала да достигне 451 степен Фаренхајт. Но, вели големиот лидер, тоа е она што им треба и го сакаат лидерите на Русија – уште повисоки температури.

Бруталната војна што ја води Русија против Украина е војна и против целиот свет – војна на лагите против вистината, тиранијата против достоинството и слободата, смртта и уништувањето против животот и прогресот. Тоа е војна против човековите права и слободи!

Русија стои зад бројни кризи и воени конфликти во светот. Мрачната клика во Кремљ успеа да развие способност сѐ да претвори во оружје. Ја окупира најголемата нуклеарна централа во Европа, заканувајќи се со нуклеарна катастрофа. Гладот, како и пред деведесет години, го вооружи против Украина, но и против целиот свет. Разорува и срамнува со земја цели градови и села во кои не може да се живее повеќе. Го негира постоењето на украинската нација, ги дехуманизира Украинците, им ги киднапира децата и ги русифицира.

Русија не сака дијалог. Мрачната, крвожедна клика што ја води оваа држава се потпира на две работи: подли лаги и крваво насилство. Ништо друго. Затоа, овој интелектуалец и уметник кој ја поведе својата земја во храбра борба за слобода, го потсетува светот дека прекин на огнот со Русија не е возможен, туку само траен и праведен мир. Историјата покажа дека Кремљ секое ветување и гаранција за мирно решавање на конфликтите ги злоупотреби само за купување време и заземање подобри позиции – за напад и уништување.

Нема ниту едно оправдување за никого во светот да не ги прифати овие факти и да не даде свој придонес кон мирот за Украина. Бидејќи мирот за Украина не е само за една нација – тоа е мир за целиот свет!


Преведено од оригиналот, објавен на CIVIL.TODAY

Next Post

Мицотакис: Северна Македонија може само корист да има од добрите односи со Грција, европскиот пат минува низ Атина

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk