ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието ги верификува мандатите на 118 пратеник

May 28, 2024 14:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија и со тоа ги верифицира мандатите на 118 пратеници. Со тоа им престана мандатот на пратениците од стариот собраниски состав. На новите пратеници кои се носители на други функции исто така им престана функцијата. На вкупно шест пратеници им прекинува функцијата во Владата заради што Владата ќе ги извршува само техничките функции до изборот на новата влада.

Претседателката на Верификационата комисија Дафина Стојановска рече дека Комисијата ги разгледала извештаите на Државната изборна комисија за изборите и дополнителните избори во изборните единици 5 и 6 и изјавата на Биљал Касами во која тој бара да не му се верифицира неговиот мандат и дека врз основа на тоа за пратеници се избрани вкупно 118 пратеници.

Димитар Апасиев од „Левица“ забележа дека извештајот на ДИК не соодветствува со извештајот на Верификационата комисија и го оспори барањето на Касами за кој рече дека свесно потпишал оти ќе учествува во изборната трка и добил уверение од ДИК за пратеник и дека не може да се откаже од нешто што го нема.

– Касами е избран за пратеник и по сила на законот сега треба да има избори за градоначалник на Тетово. На пратеник му истекува мандатот и може да му биде одземен само според Уставот. Пратеник може да поднесе оставка, но на собраниска седница. Собранието треба да му одземе мандат, а не Верификационата комисија како што направивте вие, рече Апасиев.

Побара одговор зошто Верификационата комисија ја констатирала оставката на Касами, а не Собранието.

Талат Џафери, кој ја извршува функцијата премиер во техничката Влада, рече дека не може да има две функции во исто време и дека од таа причина нема да учествува во работата на Собранието до изборот на новата влада.

Tags: мандатипратенициСобрание
Next Post

Германскиот емисар за Западен Балкан, Саразин во Приштина на средба со Османи

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk