ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Силјановска за венецот во Рим: Кратка била лентата, немало место за името на државата

May 29, 2024 10:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ

По скандалот што на 24 мај претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова го приреди со положувањето на венец пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, со лента на која не стоеше името на државата, претседателката вели дека била кратка лентата немало доволно место.

„Не мислам дека тоа е некаков проблем, ниту негирање на државата, ниту Македонија. Се знае кои сме и ние и која е делегацијата“, кажа Сиљановска во изјава за медиумите.

Советниците во кабинетот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и самата таа разговарле што требало да пишува на венецот. Како резултат на овие дискусии останало само нејзиното име. Затоа што лентата била мала и немало место за зборот Македонија. Таа мислела дека можело да стои РС Македонија.

„Тие лентите не се многу големи. Разговаравме во Кабинетот и имавме различни мислења меѓу себе. Јас имав мислење дека може да биде и РС Македонија, на пример, но некако на крајот рековме дека можеби и јас како на чело на делегацијата, дека би можело и ова да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки. Ги разбирам многу нив и ги разбирам дел од нив бидејќи Македонија ја претставуваме“, изјави вчера Силјановска за реакциите во јавноста за венецот на кој не го пишуваше името на државата.

Таа уште додаде дека не гледа никаков проблем што било изоставено името на државата и стоело само нејзиното име и презиме.

Не стивнуваат коментарите во јавноста.

„Таа што стави венец во свое име, без држава, да си го плати престојот во Рим! Не со мои пари!“, пишува во објава на Фејсбук, Виолета Глигороска.

Граѓаните во коментари на социјалните мрежи прашуваат – Во чие име претседателката Силјановска Давкова положи венец ако на лентата го нема името на државата на која е претседателка?

„Вака мајче ко ќе одиш во приватна посета и ко ќе си платиш од свој џеб. Од патриотизми на народна сметка преку глава ми е“, наведува во објава Ана Хаџиспироска.

„Патува со пасош на кој пишува Северна Македонија. Има лична карта на која пишува Северна Македонија. Избрана е за претседател на државата која под името Северна Македонија е запишана во сите меѓународни институции. Даде заклетва на Северна Македонија. Која глупост е да го направиш ова.“

„Како може претседателка на држава да не стави официјално име на држава“.

„Во што е поентата, свесно и упорно да се обезличуваме?“.

„Жалосно, бедно, претседателка на куќен совет!“…

Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Фотографиите од настанот покажуваат сосема друго. Лентата е доволно голема, на нејзините краеви има забележителни апликации на македонското знаме и има доволно простор да се напише името на државата, пишува Независен.

За бугарската делегација имало место на лентата од венецот за Република Бугарија.

И бугарскиот претседател Румен Радев положи венец, но за разлика од неа, на венецот што го положи Радев има место за името на држават – јасно е наведено Република Бугарија.

Силјановска Давкова, посетата на Рим и Ватикан, која е нејзина прва посета во странство по стапувањето на претседателската функиција, официјално ја почна со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Ј. Ѓ.

 

 

 

Tags: венецГордана Силјановска ДавковаРим
Next Post

Орданоски: Стабилноста на Владата е обратно-пропорционална со подложноста на критика

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk