ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Неколку специфични европски специјалитети

May 31, 2024 10:38
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

 Познато е дека Европа изобилува со добри места за закуска… Британски „Гардијан“ посочува неколку земји, заедно со дел од јадењата и рестораните, се вели, каде што може најмногу да се ужива.

Свежа морска храна во Грција

На пазарот „Варвакиос агора“ во Атина, морските плодови се толку свежи што воздухот мириса на море, пишува „Панкуфер“ (Punkufer). Во ресторанот „Хасапика“, на пр., може да се одбере риба, но и гостинот да наведе како сака таа да се подготви. Меѓу понудите се и печен октопод, „Севиче“ (Ceviche) од лосос, огромни пржени ракчиња. Но, најважното – специјалитетот е јадењето наречено „Тава Хасапика“ – рачно изработени тестенини полно ракови и школки, во сос од домати.

Според многумина, една порција е доволна за тројца, иако се нарачува за двојка. Цена: 28 евра.

„Пјероги“ во Краков

Во полскиот град Краков, на три минути пешачење од главниот плоштад, се стигнува до ресторанот „Но бонс“ (No Bones). За нешто повеќе од седум евра тука се добива чинија „Пјероги“ – полнети кнедли од тесто. Додека сте тука, се препорачува посета на замокот „Вавел“, па Еврејскиот Кварт итн.

Ролнички од месо во Букурешт

На пазарот „Обор“, којшто се наоѓа северозападно од стариот дел од главниот град на Романија, посетителите ќе наидат и на гостилницата „Тераса Обор“ – место за уживање во скара. Тука се препорачува јадењето „Мика“ – мали ролнички од говедско или јагнешко месо.

Среде раздвижениот пазар, ова е омилено место меѓу околното население. Порција ролнички месо чини пет леи (околу едно евро), а се служи со сенф.

Печена туна во португалска Мадејра

Сместен под ѕидовите на средновековна тврдина, над карпестиот брег, „Сантијаго Бич бар“ во градот Фуншал (родното место на Кристијано Роналдо) е место каде што, ако нарачате тенко исечена, печена туна, според преданието, ќе го почувствувате „мирисот и дивината на океанот“, од којшто туната е уловена истиот тој ден.

Загорени шпагети во јужна Италија 

Шпагетите „Ал-асасина“, познати и како „spaghetti bruciati (загорени шпагети)“, е специјалитет на јужна Италија. Се варат на тивок оган додека не станат крцкави, т.е. делумно изгорени.

Tags: европаспецијалитети
Next Post

На граничниот премин Прешево-Табановце фатени македонски шверцери со скапи часовници

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk