ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ќе понуди ли Мицкоски кралство за коњ?

Премиерот Мицкоски веројатно ќе понуди кралство за коњ како да се извлече од ветувањата дадени во предизборната кампања во врска со промената на договорите со Грција и Бугарија.

June 4, 2024 16:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ

Додека траат подготовките за формирање на новата влада, последните резерви на патриотското погонско гориво на ВМРО-ДПМНЕ се потрошени. Соочен со новата реалност, тоа најдобро го знае Христијан Мицкоски. Знаеше и пред тоа дека по изборите завршува тој адреналин што го предизвикува патриотскиот вознес, било да се работи за односите со Бугарија и Грција, било за меѓуетничките односи во земјата.

Прилично сложена ситуација што да се прави до денот на формирање на новата влада и особено по преземање на премиерската функција. Мицкоски многу веројатно нуди царство за коњ како да се извлече од ветувањата во предизборните кампањи дадени во врска за промена на договорите со Грција и Бугарија од една страна, а од друга како да се справи со најавите што доѓаат од штабот на Али Ахмети. Се пласираат застрашувачки информации за разни операции и нови граници со право на самоопределби, федерализација, Илирида… И да се работи само за празни закани поради неприфатената љубов на поранешниот долгогодишен партнер, ќе биде многу тешко да се сочува стабилноста во земјата и да се воспостави добра клима за остварување на реформите за примена европските вредности.

Тешко е, навистина претешко по така „јуначкиот” цврст став за осуда на велепредавствата на националните државни интереси со прифаќање на бугарско-францускиот диктат и неопходноста од промена на Преспанскиот договор, од уцените на ДУИ, да се најде прикладна порака до сите кои веруваа во тоа, да им се каже: видете тоа беше само една нужна лага за да се освои власта.

Потребен брз и шокантен пресврт

Се разбира, вакво нешто не може да изговори ниту еден политичар за своите прдизборни ветувања затоа е потребен брз и шокантен пресврт кој ќе се прикаже во јавноста како голем успех и извонредно решение во односите со соседите Грција и Бугарија. Но, како да се направи тоа и да се зачува поддршката на излажаните гласачи кои очекуваат сосема нешто друго и во односите со Грција и Бугарија, но и со албанските политички партии без оглед дали станува збор за ДУИ и Али Ахмети и триумвиратот плус еден на ВЛЕН, Африм Гаши, Билал Касами, Изет Меџити и плус Арбен Таравари. Многу мангупи за летање во круг во рингишпилот на власта ама малку седишта. Тепачката ќе биде неминовна кој да се качи на вртелешката.

Добрата вест за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е што СДСМ е уште во кома од изборниот нокаут, па нема да има во догледно време многу пречки од опозициското делување, така што вестите на релевантните медиуми можат да почнуваат со успесите на владата и кога нема успеси. Доволно е да се сврти вниманието на јавноста на друга страна од она што беа главни ветувања. На пример, колку е важно за македонската демократија Талат Џафери да не биде уште една, или две недели премиер на техничката влада.

Стапот и морковот на Мицотакис

Изненадувачки најдоброто решение и како тоа да се спроведе деновиве му стаса на Мицкоски од страна од каде најмалку се очекуваше. Се јави повторно грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со предлог, кој и да не е искрен, вреди брзо да се одговори заради домашната и меѓународната јавност. Мицотакис, кој издашно го користи популизмот за свите политички цели, го советува Мицкоски дека популизмот во надворешната политика можеби е привлечен за обезбедување гласови, но не го издржува водењето сериозна политика. Затоа очекува на крај да превладее логиката Северна Македонија да се врати на тешкиот пат на усогласување на европските критериуми. И доколку се постигне тоа, Грција ќе биде прва што ќе го поддржи овој напор.
Тоа е морковот. Стапот е дека Мицотакис на престојниот самит на НАТО ќе го отвори прашањето за Преспанскиот договор и неговото спроведување за употреба на уставното име на, како што вели, северниот сосед.

Притоа го повторува својот став во разни варијанти искажан веднаш по изборната победа и стапување на функцијата премиер. А тоа е дека за Грција е штетен Преспанскиот договор, дека е признат македонскиот јазик, македонската национална припадност и дека и во изменетото име со додавката северна стои суштинското име Македонија што е грчко.

Одамна му го предлагам на Мицкоски истиот став додека беше во опозиција, но и сега по изборната победа. Може да остане на осудата дека договорите со Грција и со Бугарија се лоши, но дека по нивното прифаќање и усвојување во Собранието ќе ги применува во целост. Разочарувањето кај еден голем дел од гласачите кои очекуваа радикален пресврт по победата може да се премавне во период од наредните четири години ако се покаже дека е избрана вистинската насока по која ќе се движи Македонија.

Време е и ВМРО-ДПМНЕ да голтне една крастава жаба во интерес на Македонија. Конечно треба јасно да се види вистинскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и новата влада кон припадноста на Македонија во ЕУ. Полесно беше како опозиција на јавната сцена да се креваат луѓето на нозе за загрозениот идентитет. Време е и нешто да се сработи, или кажано како што е праведно да се дозаврши тоа што претходниците го постигнале имајќи ги предвид и остапките. Конечно, членството во НАТО и ЕУ најмалку е надворешна политика, туку пред се најзначаен државен и национален интерес. Колку ќе биде успешна реализацијата на таа определба толку ќе биде успешна и надворешната политика и односите со светот.

Колку и да изгледа тешко ова е полесниот дел од работата со која ќе се соочува новата влада и премиерот Мицкоски. Потешкиот дел е стабилноста внатре во земјата. Меѓуетничките односи и јавната кавга со ДУИ се најтенкото место каде се можни сериозни проблеми. Нестабилноста во земјата ќе ги одложи сите други определби и во односите со соседите и со ЕУ. Затоа кон овие чуствителни прашања мора да се има сосема поинаков настап отколку со досегашните навредливи јавни пораки.

Не е иста одговорноста кога сте на власт и во опозиција.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од ДВ
Next Post

Стендап фестивал во Куманово

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk