ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Книжевен и творечки фестивал за деца и млади „YES Фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“

June 4, 2024 12:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Главната програма на Книжевниот и творечки фестивал за деца и млади„YES Фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“. ќе биде од 12 до 15 јуни, во МКЦ во Скопје.
Придружна програмазапочнува на 6ти и ќе трае до  15 јуни, во книжарница Чудна шума и во повеќе објекти на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, информираат организаторите на Фестивалот.

Во продолжение комплетната програма на Фестивалот

ПРЕДПРОГРАМА:

Во рамки на фестивалот „Млади европски приказни, млади креативци“, почнувајќи од 6 до 12 јуни, во објектите на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“: централен објект, библиотеката „Другарче“, библиотеката „Цветан Димов“ и библиотеката „Страшо Пинџур“, организирани креативни работилници за деца од градинки и основни училишта ќе одржат писателката Билјана С. Црвенковска и уметниците Доротеј Нешовски, Небуше Ајети и Наташа Костовска.

6 јуни, библиотека „Браќа Миладиновци“ – креативна работилница со Доротеј Нешовски „Во светот на природата“ (сликаме животни и бубачки од гипс)

7 јуни, библиотека „Цветан Димов“ во Чаир – креативна работилница со Небуше Ајети „Мојата омилена книга насликана на маичка“ (работилница за сликање на маички – на македонски, албански и турски јазик)

10 јуни, библиотека „Другарче“ – креативна работилница со Наташа Костовска – „Направи си своја кукла“ (работилница за изработка на кукли од чорапи)

11 јуни, библиотека „Страшо Пинџур“ – објект Кисела вода – читање и креативна работилница со писателката Билјана С. Црвенковска „Нела Смела и Бушавата Бура“

КНИЖАРНИЦА „ЧУДНА ШУМА“ :

8 ЈУНИ, САБОТА

12:00 – 13:00 Читање и креативна работилница за деца со писателката Билјана С. Црвенковска инспирирана од книгата „Земјата на заборавените сказни“. Возраст: 6+
Број на учесници: 8

ГЛАВНА ПРОГРАМА:

ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“:

Во рамки на фестивалот „Млади европски приказни, млади креативци“, од 12 до 15 јуни, гостите писатели и илустратори од Словенија и Хрватска Ида Млакар Чрнич, Петер Шкерл, Хана Тинтор, Ива Безиновиќ-Хејдон ќе одржат организирани креативни работилници за деца од основни училишта во централниот објект на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

13 јуни, библиотека „Браќа Миладиновци“, читање и работилница „Мојата бабичка не знае која сум“ со Ива Безиновиќ Хејдон и Хана Тинтор

14 јуни, читање и работилница, библиотека „Браќа Миладиновци“, „Овде, во близина, живее едно девојче“ со Ида Млакар Чрнич и Петер Шкерл

МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР:

12 ЈУНИ, СРЕДА

17:00 – 18:00 Креативна работилница со Доротеј Нешовски, „Во светот на природата“ (сликаме животни и бубачки од гипс)

18:00 Официјално отворање на фестивалот

18:00 – 19:00 Читање и работилница „Љубов во топка“ со авторките Ана Јовковска и Иванка НиБа, модератор: Билјана Црвенковска (Едиција Светулка)

Креативна работилница со Иванка Ниба, Возраст: 6+

19:00 – 20:00 Промоција на книгата „Прастари сказни за херои, чуда, чудесии и чудовишта разни“ на Ванчо Полазаревски и Наташа Костовска. Промотор: Билјана Црвенковска (Чудна шума)

HAHNEMÜHLE ART CORNER
18:00 – 20:00 Hahnemühle Art Corner со Владимир Лукаш

12 – 15 ЈУНИ – ИЗЛОЖБЕН ДЕЛ :

Изложба на илустрации од илустраторите Петер Шкерл, Хана Тинтор, Катерина Николовска, Давор Кешкец, Владимир Лукаш

Изложба на илустрации на илустраторката Иванка НиБа

Изложба на кукли од уметницата Наташа Костовска

13 ЈУНИ, ЧЕТВРТОК

16:00 – 17:00 Трибина „Различни и прекрасни: потребата за инклузивна книжевност за деца и млади“ (учесници: Билјана Црвенковска, Искра Димковска, Никола Гелевски, Денис Јанкуловски)

17:00 – 18:00 „Работилница за (скоро) сите сетила“ инспирирана од книгата „Лола и јас“ со Искра Димковска (издавачка куќа Сказнувалка)

18:00 – 19:00 Промоција, читање и работилница „Мојата бабичка не знае која сум“ со Ива Безиновиќ-Хејдон и Хана Тинтор. Модератор/промотор: Ана Јовковска. На македонски ќе чита: Анастасија Ласовска

Креативна работилница со Хана Тинтор, возраст: 7+

19:00 – 20:00 Промоција и читање на книгата „Земјата на заборавените сказни“, учесници: Билјана С . Црвенковска, Симон Трпчески, Оливер Коларевски, Лара Трпческа. Промотор: Ана Јовковска (Чудна шума)

HAHNEMÜHLE ART CORNER
18:00 – 20:00 Hahnemühle Art Corner со Давор Кешкец

19:00 – 20:00 Hahnemühle Art Corner со Хана Тинтор

14 ЈУНИ, ПЕТОК

17:00 – 18:00 Креативна работилница со Небуше Ајети „Направи си своја маичка“ (сликаме уметнички дела на маички) – на македонски, албански и турски јазик

18:00 – 19:00 Промоција, читање и работилница „Забранетата соба“ со авторите Александра Симова Клинчарова и Хари Дудески. Промотор: Оливија Георгиевска. Извадоци ќе чита: Анастасија Ласовска (Чудна шума)

Креативна работилница за цртање „страшни ликови“ со Хари Дудески. Возраст: 7+

19:00 – 20:00 промоција, читање и работилница „Овде, во близина, живее едно девојче“ со авторите Ида Млакар Чрнич и Петер Шкерл и преведувачот Дарко Спасов. Модератор/промотор: Ана Јовковска. На македонски ќе чита: Анастасија Ласовска (Чудна шума)
Креативна работилница со Петер Шкерл. Возраст: 7+

HAHNEMÜHLE ART CORNER
17:00 Hahnemühle Art Corner со Петер Шкерл

15 ЈУНИ, САБОТА

11:00 – 12:00 Претстава, читање и работилница „Кралот кој имаше од сѐ по многу“ со Искра Димковска (издавачка куќа Сказнувалка)
Возраст: 6+

12:00 – 13:00 Креативна работилница „Магичното писмо“ со илустраторката Иванка НиБа и авторката Неше Рамовиќ (Едиција Светулка)
Возраст: 5+

12:00 – 13:00 Креативна работилница „Направи своја приказна“ (креативно пишување и цртање) со Ана Голејшка Џикова.
Возраст: 6+

13:00 – 16:00 Креативно катче за деца – слободни активности (цртање, боење)

16:00 – 17:00 Трибина „Светот на нашите баби и дедовци: минливоста, смртноста и развивањето емпатија кон постарите лица во книжевноста за деца и млади“ со Ника Гавровска, Ива Безиновиќ-Хејдон, Билјана Црвенковска…

17:00 – 18:00 Читање и работилница за деца „Старецот и глушецот“ со Ника Гавровска (Издавачка куќа Гаврош). Возраст: 5+

17:00 – 18:00 Креативна работилница со Наташа Костовска – „Направи си своја кукла“ (изработуваме кукли од чорапи). Возраст: 6+

18:00 – 19:00 Читање на сликовницата „Беззборовната Ела“ и креативна работилница за деца со Билјана С. Црвенковска. Извадоци ќе чита: Анастасија Ласовска (Чудна шума). Возраст: 6+

18:00 – 19:00 Креативна работилница „Мали диви детективи“ со Сања Арсова и Маја Андоновска – учиме Морзеова азбука и решаваме лавиринти (Едиција Светулка)
Возраст: 7+

19:00 – 20:00 Промоција, читање и работилница „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ со Катерина Николовска (Чудна шума). Возраст: 6+

HAHNEMÜHLE ART CORNER
18:00 – 19:00 Hahnemühle Art Corner со Хана Тинтор

САЕМСКИ ДЕЛ
Во МКЦ ќе се продаваат изданијата што ќе бидат промовирани на фестивалот од издавачките куќи Чудна шума, Сказнувалка, Гаврош, Едиција Светулка, Темплум…, како и уметничките хартии и скицници на германскиот бренд Hahnemühle.

За музичкиот избор и весела и разиграна атмосфера ќе се погрижи Ненад Тонкин

За сите креативни работилници од отворен тип во МКЦ и во книжарницата Чудна шума е потребно пријавување на е-пошта: info@cudnasuma.com

За работилницата во „Чудна шума“ бројот на деца е ограничен на 8, додека работилниците во МКЦ се со ограничен број од 15 деца-учесници.

При пријавувањето ве молиме да го напишете името и возраста на детето и за кои работилници се пријавувате. Можете да се пријавите за повеќе денови и за повеќе работилници.

* Наскоро дополнување на програмата со уште неколку активности

 

Tags: YES Фестивал
Next Post

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) (ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата протестира пред градското собрание на Тирана; Во Хаг продолжува судењето за Тачи и другите; Косово да ја преиспита својата стратегија со сојузниците

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk