ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пеколни планови?!

June 4, 2024 12:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Тешкото одвојување и предавање на власта, знаеме сите, е една авторитарна карактеристика која несомнено ги следи ВМРО ДПМНЕ. Ако, ги заборавиме лудите идеи на шарлатанот Брат Љубе во 2002, кога по поразот на изборите имаше обиди за насилство врз институциите кои за среќа не му поминаа; не ги забораваме и сведочевме на судски процеси врзани за пеколниот план на непредавањето на власта во 2016-2017. Тоа непримопредавање траеше, горе доле околу една година, а главна ѕвезда на апсурдот беше Трајко Вељановски во улога на Претседател на Собранието.

Ефектот од ова, заврши со ударот врз уставниот поредок познат како 27 април. Тука, дозволете да потсетам, повторно претходеа месеци и месеци протести, контрапротести, но и драматични поетски читања под наслов „ноќ на ножевите”; хистерични албанофобни фанатичности, како „Тиранска платформа”, уроти, завери… Денес, да не им пречи Приштинската врска. На истите овие, де…

Но, имаме сега уште еден субјект, залепен за институциите. Погодете кој е?

Не можам да сфатам зошто толку очајно изгледаат нивните постизборни активности, особено оние низ кои провејува заканувачката нота. Ред закани, ред ЕУ; Ред солзи, ред мрсули…

Па и декларации и што ти знам што не?! Не е варојатно дека очекуваат овие од ЕУ да им речат на ВМРО „Ај бе жити се стајте ги во Влада, нема смисла, супер се дечкиве, а и да не плачат…”. Многу инфантилно! Како ВМРО да Ве менторирале, личите.

Ваквиот однос и реторика на Евро-фронтистите, станува уште понагласена, со одбивањето на Талат Џафери да ја напушти позицијата на технички премиер, дури и по цена и низ процедура да му се одземе пратеничката функција! WHY?

И сега легитимно е прашањето што е тоа што го тера Талат (кој за волја на вистината добро се носеше со функцијата Претседател на Собрание! Извонредно, би рекла!) на вакви очајно – хумористични потези?

Не е ваљда дека нашол начин и дека има намера да го достигне престигне Емила?!

Следствено, еве едно најдиректно прашање: дали политичарите во сега „Вашата” држава коваат пеколни планови?

Прашувам, затоа што господата од ЕФ, се толку бесни, што организираа идикативен перформанс на ПАРА СОБРАНИЕ. И перформансот, симпатичен, вистина, но, со очигледна намера да ги провоцира ВМРО-ДПМНЕ. Тие, пак се лесно запаливи и чувствителни на темата. Докажано и низ судството. Зарем ова не го антиципирате?!

И што е најважно, радикализираните говори на тој собир се навистина за срамота.

Дозволете да укажам:

Прво, како е можно од страна на ЕФ сите Македонци да бидат етикетирани дека се исти албанофобни ?! Кога не се!

Второ, сите Македонци не учествуваат во Владата, и не се претставени од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу Македонците има и такви кои НЕ СЕ ПРЕТСТАВЕНИ, и кои се срамат од полтичарите – генерално.

Трето, сите македонски партии имаат многу значајни меѓусебни разлики. На пример, СДСМ сè уште е мултикутрна и инклузивна, додека другите не се и СДСМ, не се одговорни за формирањето на Владата. Јасна е имено големата разлика КОНЦЕПТУАЛНА меѓу двете најголеми македонски партии точно по однос на мултикултурата! Vershtehen?

Трето, меѓу граѓаните од македонска етничка припадност има голем број нексенофобични и граѓански ориентирани субјекти, кој ги заболе уво за етничката, или било која друга разлика и се со широк спектар на соц.либерална вредносна платформа и се борци за човековите права! Тие јасно и јавно се спротиставуваат на македонскиот етно-национализам! А сега ќе ги натерате да се бават и со албанскиот национализам.

Сакам да ги прашам од овој Европски Фронт: од каде Ви е правото на такви пеколни реторички скаламуции мобилизирани во ФРОНТ, па да ги етикетира сите Македонци како да се албанофоби?! Која е целта на тие навреди?!

Се сложувам дека албанофобијата е во пораст, но никогаш нема да се сложам дека сите Македонци се исти и дека сите Македонци се албанофоби!

Не сте во право!

Се сложувам и сум длабоко убедена дека аргументот за мајоризацијата е точен и исправен, и дека мнозинството нема право да „избира” свои Албанци; но, овој аргумент во нашата политичка историја веќе беше два пати истретиран како тоалетна хартија (со ваше учество), што неформалното консоцијативно правило на „победник со победник”, престана да биде правило воопшто.

Најважно, и најпеколно; на линија на 45те Степени во најава.

Дали од Европските фронтови, намерно се пукаат провокативни куршуми кои се лесно запаливи за албанофобното македонско население, доминатно претставено во ВМРО?! И обратно?! Дали синхроните етно-наци реторички екскурзии, веќе не се ни екскурзии, туку се плански?!

Дајте не се глупирајте, терате натпревари со ВМРО, во етно-наци образсци, кои се крајно неодговорни, и на прогресот му се чинат како да се готви пеколен план.

Ние што не сме етнонационалисти сакаме напредок и демократски развој, и подеднакво ги доживуваме за смртоносни ваквите експозиции без разлика од која страна се сервирани (македонска или албанска).

Зарем не е доста од ова?!

Дали се враќаме во 93та ?


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Либертас
Next Post

Давкова: Не мислам дека заканите на господинот Мицотакис се во духот на развивањето на пријателските односи

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk