ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хамас ја прифаќа резолуцијата на СБ на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа

June 11, 2024 15:50
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот на Советот за безбедност на Обединетите нации и е подготвен да преговара за деталите, изјави денеска функционерот на групата Сами Абу Зухри, нагласувајќи дека на Вашингтон е да го принуди Израел да го почитува неговото спроведување.

-Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот, повлекувањето на израелските сили и размената на заложници за палестинските затвореници во Израел. Американската влада се соочува со вистински тест за исполнување на своите обврски во однос на притисокот врз окупаторот веднаш да ја прекине војната преку спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, рече Зухри.

Советот за безбедност вчера го одобри планот на американскиот претседател Џо Бајден за постигнување прекин на огнот во Газа.

За предлог-резолуцијата гласаа 14 земји-членки, додека Русија, една од земјите со право на вето, беше воздржана.

Резолуцијата го поддржува планот претставен од претседателот Бајден, кој предвидува прекин на борбите во Појасот Газа во три фази.

Амбициозниот предлог на Бајден повикува на целосен и неодреден прекин на огнот за шест недели. Во овој период би била ослободена одредена група заложници. За возврат, ќе бидат ослободени и Палестинците од израелските затвори.

Во следната фаза борбите би биле трајно прекинати, а останатите заложници би биле ослободени.

Според нацрт-резолуцијата, последната фаза би ја опфатила реконструкцијата на Појасот Газа.

Tags: ГазаСАДСовет за безбедност на ОНХамас
Next Post

ЕВРО2024: Роналдо најдобар стрелец во историјата

НАЈНОВО

Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

October 24, 2025

Дефект во системот ја блокира „Аљаска ерлајнс“: Привремено прекинати сите летови низ САД

October 24, 2025
Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk