ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Екстремната десница ја разгледува можноста за формирање на десничарска супергрупа на ЕУ

June 13, 2024 16:20
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на најрадикалните европски десничарски партии се собраа во средата во Брисел за да разговараат за тоа како да се обедини фрагментираното десно крило на ЕУ, откако постигна добри резултати во европските избори, пишува Еуроњуз.

Француската Марин Ле Пен – чија партија Национален собир (НС) сега е најголемата делегација во Европскиот парламент откако освои 30 места на минатонеделното гласање – се сретна со лидерот на италијанската крајнодесничарска партија „Лига“ пред собирот на лидерите кои припаѓаат на групата Идентитет и Демократија (ИД).

Герт Вилдерс, чија екстремно десничарска партија ПВВ неодамна склучи коалициски договор за ко-владеење во Холандија; Том Ван Грикен, предводникот на белгискиот Влаамс Беланг; и Андре Вентура, лидерот на португалската „Доста“ (Чега), се очекуваше да се приклучат на разговорите, а ќе бидат претставени и чешките, австриските и данските екстремно десничарски партии.

Партијата „Лига“ во соопштение рече дека Салвини и Ле Пен разговарале за обединување на европската „десница“, и покрај тоа што нивните партии се сметаат за едни од најрадикалните во Европа.

Еуроњуз пишува дека зборувајќи со новинарите пред состанокот, Андре Вентура – чија партија „Доста“ („Чега“) изби на португалската политичка сцена на предвремените законодавни избори во март – рече дека иако ИД е интегрирана и усогласена како група, таа исто така активно бара да се прошири .

„ИД е во пошироки преговори со цел да се формира голем десничарски блок за борба против корупцијата, против илегалната имиграција и за контрола на нашите граници“, рече Вентура.

„Ако овие разговори доведат до успешен исход, ние ќе бидеме подготвени да учествуваме во него“, рече тој.

Неколку дена пред европското гласање, Марин Ле Пен изјави за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ дека бара поддршка од италијанскиот премиер Џорџија Мелони за да ја обедини сопствената група за ИД со ЕКР на Мелони во екстремно десничарска супергрупа.

Овој потег се смета за ризичен за Мелони, која воспостави блиски односи со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и може да ја изгуби можноста да го зацементира своето влијание на сцената на ЕУ ако се отвори за порадикални сили.

Одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да распише предвремени парламентарни избори, исто така, радикално го промени влогот, бидејќи Марин Ле Пен гледа на нејзината можност да ја преземе контролата врз Националното собрание и да го постави својот 28-годишен штитеник Џордан Бардела за премиер на Франција.

Тоа би можело да му даде на Ле Пен уште поголем фактор во обидите да формира екстремно десничарска супергрупа. Партијата Фидес на Виктор Орбан е исто така политички бездомник во Европскиот парламент и потенцијално би можела да ја зајакне таквата супергрупа за 11 места.

Рамадани: Макрон им даде на Французите избор каде ја гледаат Франција во иднина

Првиот човек на Евроатлантскиот совет  Исмет Рамадани за ЦИВИЛ Медиа вели дека изборите во Франција и Германија треба сериозно да се сфатат.

„Oна што е изненадувачки, но не толку, е она што се случи во Франција и Германија. Овде треба посериозно да се сфатат десните партии, особено во Франција, кадешто партијата на Марин Ле Пен издвои победа  но овде многу брзо реагираше францускиот претседател Макрон со распишување на парламентарни избори. Се поставува прашањето која порака сакаше да ја дава Макрон преку овој потег, а коментарите се повеќе се склони на тоа дека тој со изборите им дава поголема одговорност на Французите за тоа каде и како ја гледаат Франција по натаму“, рече Рамадани.

Партијата на Ле Пен доби околу 32 отсто од гласовите, десет повеќе од претходните европски избори во 2019 година и 17 отсто повеќе од партијата на францускиот претседател Емануел Макрон. Веднаш по добиените резултати Макрон го распушти парламентот и распиша парламентарни избори

„На Франција и треба јасно мнозинство за да дејствува мирно и хармонично“, рече Макрон во обраќањето до нацијата од Елисејската палата, нагласувајќи дека изборите ќе се одржат во два круга – на 30 јуни и на 7 јули.

Што се однесува до земјите кои претендираат да станат членки на Унијата, за професорот по политички науки, Мурат Алиу, овој резултат значи благо зголемување на потешкотиите на евроинтеграцискиот процес, но оптимист е за умереноста на екстремната десница и омекнувањето на тоновите по нивното доаѓање на власт.

„Мислам дека ЕУ, и земјите кои се веќе членки на ЕУ, но и земјите кои се стремат кон ЕУ, ќе се соочат со поголем отпор во Парламентот, имајќи предвид дека екстремната десница и екстремната левица ги зголемија своите бројки во Парламентот, што значи дека ќе има отпор по ова прашање, дискурс или поостар јазик, или политики повеќе против Европската Унија. Ова ќе ја отежне интеграцијата на земјите аспиранти во ЕУ, особено од Западен Балкан, но сакам да останам оптимист“, рече Алиу.

Екстремно десничарските партии во Европскиот парламент моментално се поделени во два табора: ИД и тврдодесничарските Европски конзервативци и реформисти (ЕКР), кои се засолниште како Браќата од Италија на Џорџија Мелони (ФДИ) и шпанскиот Вокс.

Иако тие не се појавија толку зајакнати како што се очекуваше на минатонеделните европски избори, сепак, доколку се спојат, би можеле да станат трета или дури втора најголема политичка сила во Европскиот парламент.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Надал го пропушта Вимблдон поради ОИ: Шпанецот не сака да ризикува со повреда пред Париз

НАЈНОВО

Зеленски: Русија и покрај санкциите продолжува да купува странски компоненти за дронови и ракети од САД, Кина, ЕУ и Азија

October 6, 2025

Меџити најави инсталирање на модерни лифтови во постарите станбени згради во Чаир

October 6, 2025
Бујар Османи

Бујар Османи: Ревитализација на спортските сали и изградба на нови терени за граѓаните на Чаир

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk