ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Бегај во Скопје на Самитот на ПСЈИЕ; Круемади на распит во Специјалниот суд; Од 1 јули почнуваат заедничките полициски патроли на Косово и Албанија

June 13, 2024 12:57
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска ќе престојува во Скопје на Самитот на ПСЈИЕ, а се очекува и да оствари повеќе билатерални средби, пренесуваат албанските медиуми.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека летово од 1 јули ќе продолжат полициските патроли на Косово и Албанија, јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Албеу: Претседателот Бегај денеска во Скопје учествува на Самитот на ПСЈИЕ

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска ќе престојува во Скопје каде ќе учествува на Самитот на ПСЈИЕ, (Самит на Процесот за соработка во Југоисточна Европа), чиј домаќин е претседателката  на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Се очекува претседателот Бегај да оствари повеќе билатерални средби. Шефот на државата ќе се сретне со новиот претседател на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, со премиерот на Северна Македонија, Талат Џафери и со поранешниот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски, пренесува Албеу.

ВОА: Моника Круемади над 5 часа во Специјалното обвинителство под имотна истрага

Во Албанија, пратеничката  на Партијата на слободата и сопруга на поранешниот претседател Илир Мета, денеска беше во Специјалното обвинителство како дел од имотната истрага што се води против неа.

„Бев во Обвинителството да одговорам за лажната тужба што Ерион Велиај ја има поднесено против своите вработени. Одговорив на сите прашања и врз основа на моите податоци и на оние собрани од Специјалното обвинителство, се соочив со сите работи поврзани со обвинувањата што ги покренаа. Верувам дека го исцрпивме аспектот на прашања и одговори“, рече г-ѓа Круемади, кога попладнето излезе од Специјалното обвинителство, по повеќе од 5 часа распит, пренесува Гласот на Америка на албански јазик.

КОСОВО

Клан Косова- Свечла:  Од 1 јули почнуваат заедничките полициски патроли на Косово и Албанија

Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека летово од 1 јули ќе продолжат полициските патроли на Косово и Албанија.

Според него, овие патроли ќе им служат на граѓаните на двете земји.

„Патролите ќе започнат од 1 јули, колку што знам, бидејќи полициската соработка на двете земји е многу добра. Патролите дефинитивно ќе им помогнат да бидат поефикасни и што подобро да им служат на граѓаните“, изјави Свечла, пренесува  Клан Косова.

Газета Експрес: Геопост го објави вториот прислушкуван разговор помеѓу  Бедри Шабани и Срѓан Росиќ,  потврдена е физичка средба со службеникот на БИА

Во вториот прислушкуван разговор објавен од  „Геопост“, со службеникот на БИА, Срѓан Росиќ, зборува косовскиот државјанин Бедри Шабани, кој е уапсен за шпионажа, разговор кој потврдува дека тие и физички се сретнале пред неколку дена.

Според податоците, заедничката физичка средба помеѓу Шабан и службеникот на БИА се случила во градот Ниш, Србија, на 17.05.2023 година, пренесе Газета Експрес.

КОЛУМНА

Панорама: „Идиотите“

Некогаш во комунизмот, во обид да се пресретне, се користеа секакви начини за да се покаже што прави „осомничениот“. Денес тие методи се материјализираат во музеите и во оваа прилика се прикажува и паранојата на режимските власти преку Обезбедувањето да навлезат до најмрачните детали од албанското секојдневие.

Навистина, тоа време беше оставено зад себе, но денес се зголемија напорите да се објави сè, не неколку пати газејќи на секој хуман принцип. Ова ви текна кога ја слушнавте веста за возачот, но и за други како него, кои во различно време и места брзаат да информираат… за „јавна служба“, не разбирајќи каква штета се прави на другите  и на оние кои прават такви работи, пишува авторот Бен Андони во колумната „Идиотите“, објавена во Панорама.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk