Жири комисијата на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во состав од: Марина Миливојевиќ-Маѓарев, претседател и членовите Марина Катниќ-Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ ги доделува следните награди:
- НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ СЕ ДОДЕЛУВА НА НУ Македонски народен театар Скопје и Зоран Кардула ЗА РЕКЛАМНИОТ МАТЕРИЈАЛ ОД ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар – Скопје.
- НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА СЕ ДОДЕЛУВА НА Александар Зарапчиев, инструктор за техника на качување и движење на карпа и Нина Деан ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
- НАГРАДА ЗА МУЗИКА СЕ ДОДЕЛУВА НА Ристо Вртев ЗА МУЗИКАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Дупло дно“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Театар Војдан Чернодрински – Прилеп.
- НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Симон Мачабели и Раде Василев ЗА КОСТИМИТЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „Едвард Втори“ ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во копродукција со Драмски театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
- НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Илина Ангеловска, Тодор Дајевски и Зоја Бузалковска ЗА СЦЕНОГРАФИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар.
- НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА колективот на претставата „Франкенштајн“ ЗА ДРАМАТИЗАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА НА ТЕКСТОТ„Франкенштајн“ ВО ПРЕТСТАВАТА „Франкенштајн“ ВО ИЗВЕДБА НА Театар за деца и младинци – Скопје.
- НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕН ДРАМСКИ ТЕКСТ НЕ СЕ ДОДЕЛУВА.
- НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „Трајко Чоревски“ СЕ ДОДЕЛУВА НА Григор Јовановски ЗА УЛОГАТА НА Љвов, Евгениј Константинович ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар.
- НАГРАДА ЗА МЛАДA АКТЕРKA СЕ ДОДЕЛУВА НА Јована Миладинова ЗА УЛОГАТА НА Изабел де Валоа ВО ПРЕТСТАВАТА „Едвард Втори“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК Театар „Јордан Хаџи Контантинов – Џинот“ Велес и Драмски Театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
- НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Анкица Бенинова ЗА УЛОГАТА НА Сања ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна Дупка“ ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК „Антон Панов“ Струмица.
- НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „Димче Трајковски“ СЕ ДОДЕЛУВА НА Ѓорѓи Јолевски ЗА УЛОГАТА НА Лебедев, Павел Кирилич ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
- НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Дарја Ризова ЗА УЛОГАТА НА Саша ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
13. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Васил Михаил ЗА УЛОГАТА НА Силјан ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна дупка“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК „Антон Панов“ Струмица.
- НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Зоја Бузалковска ЗА РЕЖИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
- НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВАТА ВО ЦЕЛИНА СЕ ДОДЕЛУВА НА АНСАМБЛОТ НА НУЦК „Антон Панов“ – Струмица ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
- Специјално признание за колективна актерска игра на ансамблот на претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани од НУ Народен Театар Битола.