ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Цената на национализмот (2): Страдаат граѓанките и граѓаните кои не се третираат како луѓе, туку како толпи, бројки и проценти

June 18, 2024 09:18
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Претходно: Цената на национализмот: Скапа, но ефективна алатка за манипулација

Цената на национализмот ја плаќаат сите, од првиот до последниот. Се разбира, со исклучок на политичките и бизнис елитите (во некои текстови ги нарекувам и „криминалците во политиката“). Тие се богатат и се дружат со дипломатите, а нивните лајтнанти во медиумите, уметноста и невладините, уживаат во студиски патувања и мрсни грантови.

Страдаат граѓанките и граѓаните кои не се третираат како луѓе, туку како толпи, бројки и проценти.

Меѓусебно се делат на патриоти и предавници, а „другите“ ги гледаат низ нишанот на омразата и радикалните повици за истребување. Страдаат медиумите, од кои најголем дел се претворени во огласни табли, а новинар(к)ите во сталак за микрофон. Интелектуалците и академската фела станаа пропагандисти, а таму некаде се и невладините.

Охридскиот договор, Бадентеровиот принцип и други документи и договори (како што е Мајскиот договор – влада составува победник со победник) беа и останаа правно политички платформи за надмудрување, манипулација и искривување до непрепознатливост. Сигурен сум дека многумина ќе се согласат дека ова се однесува практично на секоја сфера од општествено политичкиот живот во земјата. Измамништвото е длабоко всаден код во политичката култура на балканските народи.

Како лошите ученици пред испит. Тие ќе потрошат голем број часови во смислување и подготовка на трикови како да препишат. Се впуштаат во најразлични операции да ги дознаат прашањата, подмитуваат професори, плаќаат хакери – само за да го изиграат системот и да се стекнат со незаслужени оценки. На крајот, трудот што го вложиле во нечесна игра е најмалку еднаков на оној што би го вложиле ако чесно учествувале на натпреварот во знаење. Се разбира, ова не важи за тотални билмези, но тие обично и не се трудат воопшто, нив низ животот најчесто ги штитат и туркаат „дебелите врски“ – роднински и/ или партиски.

Но тоа не е сѐ. Склоноста да се гледа заговор во секоја постапка, во секој процес и договор е пословична.

Во истиот миг кога некој договор ќе се постигне, првиот импулс на типичните македонски политичари е да најдат начин како тој договор да го изиграат, а притоа и да извлечат максимална корист за себе. Истото се однесува и на законски решенија и стратешки документи чија намена е да ги унапредат демократијата, човековите права, политичката култура и меѓуетничките односи.

Стратегијата за унапредување на меѓуетничките односи чиј назив беше „Едно општество за сите“ беше одлична основа за систематски пристап кон оваа сфера. Но беше само половично спроведена, делумно и од објективни причини (Ковид пандемија). Слушнал некој дека таа стратегија со важност од три години е продолжена? Ќе ви кажам во првата погодна прилика многу повеќе за ова – што ќе биде прецизна илустрација за како „прогресивните“ сили во земјата (не) го разбираат мултикултурализмот. Токму така, „прогресивните“, за националистите веќе знаеме. Споменатата стратегија е само еден од низата примери. Такви се и стратегиите за реформи во образованието, медиумите, борбата против дезинформациите и низа други.

Со држава во која масовно владеат националистички политички партии по целата вертикала на власта, не можеме да очекуваме ништо добро во сферата на меѓуетничките односи. Тревожната сторија за македонските неволји тукушто започна. Секоја наредна епизода ќе биде уште понапната од претходната, но заплетот ќе изостане. Виновници секогаш ќе бидат „другите“.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

За претходните дози еспресо, КЛИКНЕТЕ ТУКА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Русија и Украина не постигнаа договор за прекин на огнот, ќе има размена на војници и цивили

July 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на CNN

    (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk