ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реакција од Транспаренси Интернешнл – Македонија по извештајот за извршен увид во Агенцијата за филм

June 20, 2024 16:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во извештајот недостасуваат препораки за надминување на состојбата на блокирани исплати, се наведува на почетокот од реакцијата од Транспаренси Интернешнл – Македонија по извештајот за извршен увид во Агенцијата за филм.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

Работна група на Министерството за култура во текот на месец април и мај 2024 година извршила увид во работата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Во извештајот објавен овој месец се идентификувани критични недостатоци во примена на законската регулатива, утврдени се слабости во работата на Агенцијата за филм, дефинирани се и активности кои треба да ги преземе Агенцијата за надминување на актуелните состојби и дадени се препораки до Владата за законски измени. Фокус на извештајот е да се обезбеди доследна примена на законската регулатива и примена на принципот на владеење на правото, потиснување на непотизмот, клиентелизмот, неселектизам при постапување и сузбивање на корупцијата.

Транспаренси Интернешнл-Македонија ги поздравува извештајот и иницијативата на Министерството за култура, коешто одлучи јавно и транспарентно да укаже на нерегуларностите коишто се случувале во Агенцијата за филм, но укажува на тоа дека конкретни мерки сè уште нема. Агенцијата има стопирано исплата на средства за веќе потврдени филмски проекти, а од што филмските уметници сè уште се соочуваат со штетни последици.

Поради тоа, а на основа на овој извештај и сите претходни извештаи во врска со проблемите во Агенцијата за филм, ја повикуваме Владата и идниот министер за култура да се посветат на итно преземање на мерки и активности за разрешување на овие состојби, особено имајќи го предвид фактот дека филмските работници се од исклучително значење за промоција на македонските вредности кон надвор.

Во ретроспектива на нашата реакција потсетуваме

Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) ги следи активностите на Агенцијата за филм уште од 2020 година, кога поднесе кривична пријава во врска со незаконските исплати од Агенцијата за филм.

Дополнително, во 2023 година ТИ-М спроведе мониторинг на постапката за избор на филмски проекти во рамки на Конкурсот за финансирање на проекти за 2022 година и укажа дека Агенцијата за филм треба повеќе да го потенцира прашањето за судир на интереси на повисоко приоритетно место во начинот на своето постапување. Во Конкурсот за финансирање на проекти за 2022 година, Агенцијата за филм не обезбедила непристрасност и објективност кај сите учесници преку кои се спроведувал Конкурсот, поради што се исполнети услови истиот да биде оценет како нелегитимен и незаконски.

Дополнителна анализа на ТИ-М покажа дека согласно Закон за филмска дејност, ниту Управниот одбор, ниту директорот на Агенцијата имаат надлежност да донесат одлуки со кои времено ќе ја стопираат реализацијата на наведените проекти. Агенцијата и продуцентот имаат склучено договор во којшто се регулирани нивните взаемни права и обврски, а со ваквото постапување Агенцијата се става во позиција на задоцнета исплата, по што се остварува правото на барање на плаќање на казнена камата. Доколку дојде до наведеното, односно свесно извршени штетни дејствија на сметка на средствата на Буџетот на РСМ, одговорна за таквите постапувања би била Агенцијата за филм и нејзините управни органи.

Интересот на ТИ-М за следење на активностите на Агенцијата за филм произлезе од укажувања од страна на граѓани кои што наведуваа потенцијални неправилности во работењето на Агенцијата за филм, коишто подоцна беа потврдени и од Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, како и од Министерството за култура.

Транспаренси Интернешнл-Македонија позитивно го оценува извештајот на Министерството за култура, институција која изреагира по посочени нерегуларности од страна на укажувач.

Ваквите постапки се од исклучително значење за подигање на свеста, а особено кога е во прашање улогата на укажувачите во едно опшество, како една од алатките за сузбивање на корупцијата.

 

Tags: Агенција за филмТранспаренси Интернешнл
Next Post

Владата на Израел повтори дека е посветена на уништувања на Хамас

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk