Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Забрзано се движиме кон времето кога на сегашноста не би смееле да ѝ даваме каква било длабочина или тежина.
Всушност, веќе сме во такво време.
Заглавени сме во ужасниот тресет на недомисленото мислење, во некаква општа несвареност, во глибот и милот на половичната длабочина (ВГ).
Како трајна состојба.
Која и овозможува на Македонија да нѐ држи како робови и да не тероризира со своите проблеми кои, можеби, не се измислени, но само опчинет мазохист ќе сака со компресорот на тие проблеми да го напумпаат од правецот на шупакот.
Македонците обожуваат да бидат напумпани со таканаречените национални и државни интереси кои му ги дефинира некоја таинствена инстанца која во власта има само некаква испостава, а тој нема ниту знаење ниту волја да ги проверува.
Дури, се плаши дека ако му го извадат цревото од газот ќе се претвори во исушена харинга.
Македонците се како суви трски во мочуриште. Станици на кои птиците не можат да застанат да се одморат и да се испосерат затоа што калливите темели се плитки и трските веднаш се свиваат под тежината и на најмалата грлица. Немаат никаква важност за екосредината. Мислам, трските, односно Македонците, не грлиците.
Кои автоматски ги прогласуваат за државни непријатели.
Сивата боја, според тоа, не им е од птичјите говна туку од ретката сива маса со која ги дарувале Вселената и Историјата.
Клучно за овој загрозен вид е да се ослободи од Македонија.
Од нејзиниот диктат.
Диктатот на Бугарија е пичкин дим во споредба со диктатите што ни ги диктира Македонија.
Секој ден, на секое место, сето време.
Сакам да кажам дека ние сме под ропство на Македонија.
Не под албанско ропство кое е пуштено како уште еден смрдлив пувеж за камуфлирање на вистинската заробеност.
-Кој пувна?
-Шефки!
-Како знаеш?
-Па, на Станко му ставивме клаштунка од мумуруска во газот да не сере кај ќе стигне!
Многу ефикасна метода за откривање на загадувачите на македонската средина и за контрола на браќата и сестрите.
Јас се ослободив од Македонија во 2001 година кога сфатив дека позицијата на државата, односно на македонската етничка компонента, не е добра, исправна и праведна, затоа што станав убеден дека општествената рамка, односно Уставот, нема моќ да ги контролираат и хармонизира општествените односи.
Тоа беше класична марксистича теза во која општествените состојби ја надминуваат општествената рамка.
Предреволуционерна ситуација која робовите на Македонија не знаеја односно немаа спознајни моќи да ја истретираат како сопствена визија.
И тогаш, вечерта кога стигна декларацијата од состанокот на Ахмети, Џафери и, мислам, Тачи во Призрен, во организација на Питер Фејт односно НАТО, седнав и го напишав својот ослободителен манифест пред чие објавување последните резерви ми ги симна професорката Малеска која таа вечер со писмо се беше јавила со исти или многу слични ставови.
“Лилјаковиот поглед на македонската политика”.
Тоа беше насловот на тој текст.
Јас решив да се исправам и да престанам стварноста да ја гледам љиљаковски.
Не можам да ви опишам какво чувство произведува тоа ослободување.
Возвишеност од највисок ранг.
Дека сте победиле на интелектуален и морален план една таква сила каква што се државата и нацијата.
Односно нивните угнетувачки инструменти.
Во своја и во нивна корист.
Десет години потоа наидов на потврда на моите ставови во делата на големиот Витолд Гомбрович. Неговиот Дневник ми беше како потврда на ослободувањето и сатисфакција за срањата што како слободен Македонец во меѓувреме морав да ги трпам од робовите на Македонија.
Тоа што јас го гледав во македонскиот устав Гомбрович го беше дефинирал како форма со која човекот е во постојан конфликт односно се труди да ја пробие.
Дневникот ми стана Библија.
Ослободувањето од Македонија бара голем духовен напор и спремност за ризик и борба. Мора да се пушти духот да го оствари тој подвиг.
Со причеста, Црквата ве задржува во ропството на Господ и на попската експозитура на земјата, а кај ослободувањето од Македонија, причеста мора да ви ја даде вашиот дух и никој друг.
И вашата желба, страст и волја.
Поентата ми е дека Македонија може да ја биде само како заедница на слободни луѓе кои ќе се занимаваат со себе, со своите потенцијали и преку нив со Македонија.
Ослободувањето од Македонија не е бегство од Македонија туку поинакво, побогато и пореално присуство.
Македонија мора да биде последица од животот и работата на слободните индивидуи, а не резултат на ропската ушкопеност на роботизирани паланечки и патетични, всушност, опасни покорници.
Значи, сѐ обратно од тоа што сега го правиме:
Не колективна хомогенизација, туку индивидуална атомизација, не историска трамбулина за колективно скокање во височина, туку дуплантис стап, тренинг, мака, па рекорд преку високата пречка, уривање на нискиот плафон со кој Македонија нѐ држи наведнати како индиски шивачи и шивачки на трудот црн народ, не Гоце, Моце и Доце, туку само ние и тука, не уметност која ќе ги воспева националните интереси, туку уметност која ќе биде уметност по тоа што едно лично или провинциско искуство ќе го издигне на нивото на космичко значење, значи не Републиката во пламен, Трето полувреме и слични мастурбациски ејакулации, туку реален секс на духот со стварноста.
Сите робосопственици треба да ги отераме у курац. Но…
Вмро е орудие кое на Македонецот му овозможува прогресивно да ја освојува ништоста.
Инструмент на ропскиот карактер на Македонецот.
Погледнете ја вморонската естетика.
Ако се етиката и естетиката едно, како што сметал Витгенштајн, тогаш ние сме неетичен народ.
Има ли нешто полошо од тоа?!
Да бидеш вморон значи да бидеш ништо!
Комита во македонско село станува Раскољников (прави што сака, ја ебе жената на својот јатак, но се кае), во помалку поволен случај станува Де Сад (прави што сака, ја ебе жената на јатакот, но го негира каењето), во најмалку поволен случај се симнува во градот и станува политичар (кој работи што сака, ебе што ќе стигне и самиот себе си се фали за тоа), во најзаебаната варијанта станува премиер (кој не знае што работи, ја ебе Македонија, и тврди дека односот бил со взаемна согласност што ебаната страна го потврдува на избори).
Во некои свои обраќања предлагав платформата „Ослободување на Македонците од Македонија“ да биде официјална доктрина на сдсм.
Или на некоја нова структура.
Само се насмеаја.
Не ми рекоа ништо, но јас можев да прочитам на нивните усни: Каква будала е овој човек!