ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Борел очекува ЕУ да ги укине санкциите за Косово; Куќен притвор за 8 лекари на Онкологија во Тирана; Долината Вјоса се спрема за УНЕСКО

June 25, 2024 11:56
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека очекува ЕУ да ги укине постепено но бргу санкциите за Косово, јавуваат косовските медиуми.

Судот во Тирана им одреди мерки „куќен притвор“ и „должност за јавување“ на осум лекари од Онколошката болница, поради продажба на  болнички лекови на приватни субјекти, пренесуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РТВ 21: Борел очекува ЕУ да ги укине санкциите против Косово

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел одржа прес-конференција во понеделникот. Борел зборуваше за прашањето за казнените мерки против Косово, велејќи дека очекува тие да бидат отстранети.

„Ако овие санкции се укинат, се надевам дека ќе биде така. Барем тоа е мојот предлог. Дури и во постепена форма, но брзо. Ова може да создаде сценарио каде што не велам дека дијалогот ќе се рестартира, но барем нема да заврши нагло. Двајцата лидери не се сретнаа долго време во рамките на дијалогот и не сакам да се откажам пред крајот на мојот мандат“, рече Борел, пренесе РТВ 21.

Клан Косова: Стејт Департментот  му препорачува на Косово да воведе соодветни казни за трговија со луѓе

Американскиот Стејт департмент го објави својот годишен извештај за трговијата со луѓе ширум светот.

Со својата објава државниот секретар Ентони Блинкен рече дека документот дава најсеопфатна проценка на феноменот како и напорите на владите да се борат против него, пренесува  Клан Косова.

Косово и годинава, исто како и лани, е рангирана во категоријата земји од второ ниво.

Во извештајот се наведува дека Владата покажала севкупни зголемени напори во однос на претходниот период. Тие вклучуваа казнување на сите трговци со луѓе со затвор, онаму каде што е соодветно, и не изрекување на каква било казна освен парична казна.

Извештајот препорачува енергична истрага и гонење на злосторствата за трговија со луѓе и соодветно казнување за трговците со луѓе, вклучувајќи ги и службениците кои соработуваат со нив.

АЛБАНИЈА

Досја: „Шема за продажба“, истрага за дрога, судот во Тирана им одреди „куќен притвор“ и „обврска да се јават“ на 8 лекари од Онколошката болница

Судот во Тирана им одреди 8 мерки „куќен притвор“ и „должност за јавување“ на лекарите од Онколошката болница.

Ваквата одлука е донесена на барање на обвинителството во Тирана, каде што има истрага за проблемот со лековите за хемотерапија.

Станува збор за истрага на обвинителството во Тирана која успеала да открие шема според која лекари од Онколошката болница продавале болнички лекови на приватни субјекти, пренесе Досја.

Ора Њуз – Долината Вјоса во УНЕСКО, Кумбаро: Се состанува техничката група за подготовка на досието

Албанските власти веќе почнаа да работат на вклучување на Вјоса на листата на светски имоти заштитени од УНЕСКО, во рамките на програмата „Човекот и биосферата“.

Министерката за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро денеска соопшти дека на брегот на Дрим  во Тепелена е одржан состанок на локалната техничка група за подготовка на досието за вклучување на долината Вјоса во програмата „Човекот и биосферата“ на УНЕСКО, пренесува Ора Њуз.

КОЛУМНА

Панорама: Апсурдот версус  „правната држава“!

„Фразата „Правна држава“ е една од најкористените на политичкиот бином СП-ПД на полето на надворешниот, а помалку на внатрешниот дискурс. Нагласуваме внатрешно, бидејќи често оние што го користат од политичарите тешко дека ќе го сфатат во суштина, а од друга страна, апсурдот е тој што навистина нè соочува и го поткопува целото значење на „правната држава“.

Развојот и соочувањето на овој концепт преку почитување на нашиот Устав, кој е изменет неколку пати, покажа многу проблеми, кои теоретичарите на Правдата добро ги објаснија“, пишува авторот Бен Андони во колумната „ Апсурдот версус  „правната држава“!“, објавена во дневникот Панорама.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртниот биланс од поплавите во Тексас се искачи на 82 лица, меѓу кои и 28 деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk