ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таравари за ЦИВИЛ: За Мицкоски не е проблем внесувањето на Бугарите во Уставот, туку историските прашања

June 28, 2024 13:10
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Арбен Таравари, министер за здравство фотографија/ Ариан Мехмети - ЦИВИЛ

Арбен Таравари, министер за здравство фотографија/ Ариан Мехмети - ЦИВИЛ

За среќа, Македонија е дел од НАТО и е безбедна, бидејќи е дел од тие држави кои се сигурни. Тоа што во следниот период треба да се заврши, се евроинтеграциите. Во договорот со ВМРО –ДПМНЕ, е да се продолжи нашиот па кон ЕУ, второто е економскиот развој на државата, трето е борбата против корупција и четвртото е децентрализацијата.

Најголемиот дел од преговорите со ВМРО- ДПМНЕ, беа тие токму за евроинтеграциите, и мислам дека тоа нашиот единствен пат и дека немаме алтернатива, вели поранешниот градоначалник на Гостивар и новиот министер за здравство, Арбен Таравари, во интервју за ЦИВИЛ.

Со Таравари ги отворивме прашањата околу неговите ветувања за време на изборната кампања, дека нема да коалицира со политичка опција која нема да ги спроведе уставните измени, за продолжувањето на интеграцијата во ЕУ, за очекувањата од новата влада и правецот по кој ќе ја води државата, како и за предизвиците што ни претстојат.

„Единствено што ме загрижува, е нестабилноста на владата на Бугарија, и исто така ме загрижува тоа што треба да се најде решение што ќе биде прифатливо и за Скопје и за Софија, но имаме среќа што многу наши пријатели од меѓународниот фактор, ќе фацилитираат во периодов за да се најде некое решение. Нема интеграции во ЕУ без уставни промени, но тоа зависи и од тоа дали Бугарија ќе постави и други услови. Останувам на ставот дека оваа влада ќе ги започне преговорите и би бил пресреќен, ако има некоја брза лента, сите држави на Балканот до 2028 да бидат членки на ЕУ, тоа би било идеално.“, вели Таравари.

Во однос на изјавите на новиот премиер, Христјан Мицкоски, дека нема да има уставни измени под бугарски диктат, Таравари вели дека според него, за Мицкоски не е проблем воведувањето на Бугарите во Уставот, туку тоа што историските прашања помеѓу двете земји се поврзуваат со уставните измени.

„Јас колку што знам, господинот Мицкоски нема проблем со внесување на Бугарите во Уставот, туку со протоколот, односно историските прашања коишто Македонците ги доживуваат непријатно, така што повеќе треба да се обрне внимание и да се изнајде решение околу тоа што историски прашања се поврзуваат со уставните измени“, вели Таравари.

Интервју со министерот за здравство, Арбен Таравари, 27 јуни, 2024
фотографија: Ариан Мехмети- ЦИВИЛ

Со Таравари разговаравме и за поделбата на Алијанса за Албанците, одењето на ДУИ во опозиција, реорганизацијата на владата, односно министерствата, за можното спојување на Алијанса за Албанците ( крилото на Таравари) и движењето на Изет Меџити во една партија, но и можноста и целата коалиција ВЛЕН да се спои во една партија, како и за неговите заложби како министер за здравство во однос на предизвиците во здравствениот сектор.

Тој најави дека се враќа на амбулантната пракса со пациенти секоја среда, но од сега по четири часа, а ексклузивно за ЦИВИЛ изјави дека Министерството за здравство секоја среда ќе биде четири часа  отворено за граѓаните кои сакаат лично да му се обратат на министерот за секој проблем што ги мачи.

Разговорот го водеше: Дијана Тахири

Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Српската држава забрани соработка на уметници од Србија и Косово; Објавена нова снимка од осомничениот за шпионажа Бедри Шабани; затвор за четири лица за убиството на Ивановиќ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk