ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Штети предизвикани од невремето во Скопје – паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери

July 2, 2024 16:09
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, ХРОНИКА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Според добиените пријави во Центарот за управување со кризи (ЦУК) како последица на невремето кое попладнево го зафати Скопје паднати се 16 дрвја, оштетени се три возила, регистрирани се седум откачени кабли од бандери, три кровови се оштетени, како и регистрирана е повреда на едно лице.

Од ЦУК информираат дека во моментов се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје, за постапување по пријавите за штети и опасности.

Паднато дрво на булевар Климент Охридски. Фото: Фронтлајн

– На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот. За сите пријавени случувања и итни случаи на 112, преку Секторот за операции и координација во ЦУК се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје за постапување по пријавите за штети и опасности. Засега билансот, според прводобиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: дрвја паднати 16; возила оштетени 3; кабли откачени од бандери 7; откачени и оштетени кровови 3 и повредени 1, соопштуваат од ЦУК.

Паднато дрво во близина на „Веро Џамбо“ / Фото: МИА

Оттаму информираа за добиените пријави со конкретни адреси и места каде се случиле.

– Добиена е пријава за паднато дрво врз жена на улицата, во близина на пекара Пастел на Локација: Булевар Свети Климент Охридски, 66, Скопје. Известени се ИМП и Полиција за натамошна постапка. Паднато големо дрво од непознат вид врз бандера со кабли од струја кои искрат во моментот во населба Сопиште. Материјални штети во моментот нема, ниту повредени лица. Скинат кабел од бандера на улица „Ѓорѓи Капчев“, Скопје. Четири паднати дрва поради невремето на локација Воен базен на патот према касарната. Пријава за пожар од спој на жици од електрична енергија, гори сува трева и камион. Локација ДСМ- Ортопедика населба Карпош. Пријава за откачен лим од приватна куќа, на улица „Јуриј Гагарин“, во Скопје. Добиена е пријава за навалено големо дрво, каде преставува опасност да падне во паркот каде има малолетници на локација улица „Јуриј Гагарин“, Скопје. За паднато дрво на улицата по која движат возила на локација улица „12-та Македонска Бригада“, Скопје. Добиена е пријава за паднато дрво врз патничко моторно возило марка Сузуки. На булевар „Видое Смилевски – Бато“, Скопје. Пријава за паднат кабел од невремето во уличката кај влез на паркинг на УКИМ. Пријава за дрво кое што е закачено на бандера со кабли од струја и за кое постои опасност да падне врз гаража во близина. Пријава за голем метеж во сообраќајт на булевар „3-та Македонска Бригада“, Скопје. Добиена е пријава за скршена липа и падната врз орев на улица „Душан Тасковиќ“, Скопје, стои во соопштението на ЦУК.

Поврзано: 

(ФОТО и ВИДЕО) Силен ветар во Скопје откорна дрво на булевар Климент Охридски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: невремеСкопје
Next Post

Стампедо на верски фестивал во Индија, најмалку 87 загинати

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk