ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Ако бидат овозможени пристојни услови, ќе има настава на албански јазик, вели Јаневска во врска со проблемот во Чашка

July 3, 2024 15:12
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
acpsk12.org

acpsk12.org

Share on FacebookShare on Twitter

Настава на албански јазик во општина Чашка од септември ќе има ако бидат овозможени пристојни услови за учениците, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во одговор на прашањето дали има дискриминација во случајот со ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка каде што минатата учебна година имаше протести од родители.

Министерката нагласи дека правата на сите по закон ќе бидат почитувани, но најсоодветното решение, рече, ќе се бара откако ќе се собере и разгледа документацијата за конкретниот случај.

Посочи дека родителите на десетината деца за кои се бара настава на албански јазик во тоа училиште „пред да настане проблемот“ имале потпишано изјави дека децата ќе им учат на македонски јазик, бидејќи, рече Јаневска, средината е од мешан етнички состав и тие ги знаат двата јазика. Дополнителен проблем е, додаде таа, што дел од нив не се со адреса на живеење во тој реон.

– Како и да е, што и да се случува, МОН ќе направи сѐ тоа да се реши во корист на децата, изјави Јаневска пред почетокот на конференцијата за инклузивно образование што денеска ја организираше Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Додаде дека за проблемот со училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка и начинот како е решаван од МОН имало многу неправилности „дури и до тоа што децата кои требаа да учат на албански јазик беа сместени во училиштен дом кој беше затворен и имаше опасност по нивниот живот“.

– Тогашната директорка направи многу прекршоци, па оттука се постигна некаков договор за кој во МОН нема никаков документ, па ние сега бараме од Општината да видиме што се случувало во тој договор потпишан од министерот, претставници од родителите и, ми се чини, и од градоначалникот на Општината. Значи, правата на сите граѓани во оваа држава по закон ќе се почитуваат. Какви ќе бидат фискалните импликации за решавање на овој проблем во моментот не можам да ви кажам затоа што ја прибираме документацијата. Но, навистина е незамисливо во Министерството, каде што министер е потпишан, да нема документација за ваквиот случај, рече Јаневска.

Минатата учебна година имаше тензии во ООУ „Тодор Јанев“во Чашка и неколку месеци протести на родителите кои не дозволуваа децата Албанци да учат на мајчин јазик затоа што по реонизација во училиштето настава се изведува само на македонски јазик.

Родители на ученици Македонци не дозволуваа отворање паралелка на албански јазик, која ја одобри МОН, а ја прифати директорката Елена Николова назначена од претходниот министер Јетон Шаќири, откако тој му ги одзеде ингеренциите врз ООУ „Тодор Јанев“ на градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски.

Владата во февруари одлучи наставата на сите ученици во тоа основно училиште привремено, односно до крајот на учебната 2023/2024 година, да се реализира во постојниот објект. Според договореното, учениците Албанци ќе имаат настава на албански јазик во просториите на „Тодор Јанев“ до завршувањето на учебната година, но административно ќе бидат под ОУ „Лирија“ каде што се учи на албански наставен јазик.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Фронтекс

ЕП го одобри воведувањето на Системот ЕЕС на надворешните граници на ЕУ

July 8, 2025
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Преговорите за соработка со ЗНАМ и ВРЕДИ одат во добра насока, оцени Мицкоски

July 8, 2025

На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk