РИБАРО
Откако вчера на владина седница беше одлучено да се врати оградата на Владата, АХА дознава дека следен револуционерен чекор на премиерот Мицкоски ќе биде да го врати од Будимпешта бегалецот Никола Груевски.
Како што информираат изворите за АХА, Мицкоски тоа го најавил во блиска средба со владиниот кабинет и истакнал дека мора работите да се исправат и да се вратат како што беа порано.
– Груевски е наш, ние сме грујови! Мора да правиме атмосфера да го вратиме нашиот вистински лидер. Народот за тоа си гласаше. Ја добивме огромната поддршка, освоивме апсолутна власт и постапките што ќе ги спроведуваме си имаат комплетен легитимитет аминуван од речиси двотретинско мнозинство од гласачите. Оние другите, ќе си лаат на социјалните мрежи и толку – никому ништо, рекол Мицкоски дознава АХА.
– Ама нели ја расипавте калимерата со Груевски, господине Мицкоски?, прашал член од владиниот кабинет.
Мицкоски наместо одговор, тивко му се поднасмеал.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK