ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Одново сега знамето се вее над Кораб

July 3, 2024 16:39
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Извесен Изет Шулку од Пешкопеја, албанска област Дебар го симна државното знаме и на врвот закачи знаме на Република Албанија. Шулку во својата објава истакна дека Кораб е албанска територија и нема место за македонско знаме.

 

Веднаш потоа група македонски планинари го вратија македонското знаме на највисокиот планински врв на Северна Македонија, Кораб. Планинарите се искачиле на врвот и го ставиле знамето на Македонија, а во постот на социјалната мрежа на Инстаграм е посочено: „Македонија секогаш имала храбри синови!

Видеото со симнувањето на државниот симбол на Фејсбук го постави самиот Шулку, кој се смета за албански патриот, планинар, и е познат како „дебарскиот Тарзан“. Но, на Шулку ова не му е прво симнување на македонското знаме од Кораб, тој почесто го прави тоа и го споделува на својот Фејсбук профил.

Од МВР објавија дека станува збор за странски државјанин и дека случајот се истражува.

Во кривичниот законик е предвидена казна за такви дела. Во членот 178 од КЗ, Повреда на угледот на Република Македонија стои: Тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со парична казна.

Врвот Голем Кораб на планината Кораб се наоѓа на 2.764 метри надморска височина, во рамки на Националниот парк Маврово.

Отстранувањето на македонското знаме од Кораб, на социјалните мрежи предизвика говор на омраза.

ЦИВИЛ го осудува немилиот настан на Кораб бидејќи таквиот однос не придонесува кон почитување, добрососедски и добри меѓуетнички односи. Наместо негирање, треба да се негува и чува заедничкото наследство и да се зајакнува соживотот.

Д.М. / Цивил Медиа

Next Post

Високи руски функционери се навлекоа на преведена нацистичка поезија од непостоечки поет

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk