Германската Фондација Југоисточна Европа денеска во Берлин, ќе одржи церемонија за доделување на годишната награда за новинари за 2024 година, чиј добитник е Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи во германскиот парламент во присуство на претставници од парламентот, владата, медиумите и граѓанското општество.
Церемонијата ќе започне во 18 часот со поздравниот говор на Мануел Саразин, претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа и обраќањето на Јосип Јуратовиќ, претседател на германско-југоисточна парламентарна група на Европа, заменик-претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа, по што ќе му се додели наградата на Дерала.
Џабир Мемеди Дерала, борец за човек за човекови права, активист, писател, новинар и аналитичар за хибридна војна. Тој е еден од основачите и претседател на ЦИВИЛ од нејзиното формирање во 1999. Дерала води креативните иницијативи на организацијата и служи како главен координатор и продуцент на мултимедијални проекти, кампањи за подигање на свеста, фестивали, документарни филмови, конференции и други проекти и настани. Дерала е главен уредник и придонесува како автор, аналитичар и колумнист во медиумската платформа на ЦИВИЛ.
Тој е член на Здружението на новинари на Северна Македонија од 1990 година и член на Амнести Интернешнл од 1994 година. Од 2008 година, Дерала и одговорен за мониторингот на изборните процеси во Северна Македонија, што го спроведува ЦИВИЛ.
Дополнително, Дерала и неговиот тим се специјализирани во неколку области, вклучително и контрола на оружјето (ЦИВИЛ е висок член на организацијата на IANSA), и спротивставување на дезинформациите и тактиките за хибридно војување во земјата и регионот на Западен Балкан.
Извор: Цивил Медиа